Хотел "Belvedere" - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел “Belvedere”

Хотел Белведере 

 

Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и рекреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.

Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот и назад на денот на заминување.

Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап.

Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите.

Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.

Собите на хотелот се светли и пространи, дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.

Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариас и до градчето ќе најдете голем број на ресторани и таверни.

Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.

  1/2 Standard Room Sea View 1/2 Standard Room Garden View 1/2 Bungalow Sea View
23.05.2024 – 30.05.2024

140 €

135 € 116 €
30.05.2024 – 06.06.2024 156 € 144 € 132 €
06.06.2024 – 13.06.2024 188 € 176 €

164 €

13.06.2024 – 20.06.2024 228 € 216 € 204 €
20.06.2024 – 27.06.2024 260 € 248 € 236 €
27.06.2024 – 04.07.2024

304 €

292 €

280 €

04.07.2024 – 11.07.2024

352 €

340 €

328 €

11.07.2024 – 18.07.2024 376 € 364 € 352 €
18.07.2024 – 25.07.2024  376 € 364 € 352 €
25.07.2024 – 01.08.2024  376 € 364 € 352 €
01.08.2024 – 08.08.2024 376 € 364 € 352 €
08.08.2024 – 15.08.2024 376 € 364 € 352 €
15.08.2024 – 22.08.2024 376 € 364 € 352 €
22.08.2024 – 29.08.2024 376 € 364 € 352 €
29.08.2024 – 05.09.2024 332 € 320 € 308 €
05.09.2024 – 12.09.2024 276 € 264 € 252 €
12.09.2024 – 19.09.2024 220 € 208 € 196 €
19.09.2024 – 26.09.2024 172 € 160 € 148 €
Термините за Лето 2024 та на Скијатос се од Четврток до Четврток, секоја Среда навечер поаѓање

Првиот термин започнува од 23-ти Мај, а последниот термин завршува на 26-ти Септември.

Поаѓањето е секоја Среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Туристичкиот придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

Поаѓање за Македонија секој Четврток.

Што е вклучено во цената:

  • 7 ноќевања во хотел Белведере
  • Појадок во хотелот
  • Користење на базенот
  • Користење на клима
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
  • Целосна логистика при сместување и одјавување
  • Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Цените се изразени по лице

Што не е вклучено во цената:

  • Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос – Скијатос – Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за туристичка такса
  • Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
  • Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.

Важно

  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја Среда. Секој Четврток прв ден од одмор.
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време.
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време.
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај сопствениците).
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја оддржуват самите гости.
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори агенцијата нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студијa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студија на приземје и кат.
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.