Куќа ‘Nektarios’ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘Nektarios’

Куќа ‘Nektarios’

 

Вила Нектариос се наоѓа во Полихроно, на прва линија до плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу. Вилата нема сопствен паркинг. Сите соби се опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме).Во услугата не се вклучени пешкири. 

Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица. 

Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената. 

Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еденспален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море. 

Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла. 

Цените се изразени за НАЕМ на Студио / Апартман за 7 ноќевања

Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска против вредост од 62 мкд.

Напомена: првите три термини и последните два се промо цени и на нив не следува попуст

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024

 

ВИЛА НЕКТАРИОС – ПОЛИХРОНО
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Термини Ноќ. 1/3 СТУДИО 2/4 АПП 1/5 АПП Коментар
16.05-23.05.2024 7 79 99 119 Промоцени
23.05-30.05.2024 7 99 129 149 Промоцени
30.05-06.06.2024 7 129 169 189 Промоцени
06.06-13.06.2024 7 239 259 289  
13.06-20.06.2024 7 309 319 349  
20.06-27.06.2024 7 359 399 429  
27.06-04.07.2024 7 379 429 459  
04.07-11.07.2024 7 469 499 529  
11.07-18.07.2024 7 469 499 529  
18.07-25.07.2024 7 519 549 579  
25.07-01.08.2024 7 539 569 599  
01.08-08.08.2024 7 549 579 609  
08.08-15.08.2024 7 519 549 579  
15.08-22.08.2024 7 509 549 579  
22.08-29.08.2024 7 429 449 479  
29.08-05.09.2024 7 349 379 409  
05.09-12.09.2024 7 289 319 349  
12.09-19.09.2024 7 229 259 289 Промоцени
19.09-26.09.2024 7 179 199 229 Промоцени

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ одСкопјезаХалкидики (четврток)

  • -Скопје (Дрводекор) – 45 еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60 еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45 еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45 еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45 еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • -Битола -(Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 40 еур по лице
  • -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40 еур по лице
  • -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50 еур по лице
  • -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50 еур по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50 еур по лице