Куќа ‘Jorgos’ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘Jorgos’

Куќа „Јоргос“

Куќа „Јоргос“ е лоцирана кон крајот на Дионисиос во мирна уличка, на околу 100 метри од песочната плажа. Околу неа има слободни места за паркинг.

Располагаме со 3 апартмани и еден дуплекс апартман, што подразбира дека и двокреветните и трикреветните единици се со одвоена спална соба од комплетно опремената кујна. Истите се реновирани и убаво, квалитетно опремени. Дуплекс апартманот се состои од две одвоени спални соби со по еден брачен – француски кревет и две тераси, како и голема кујна во трета просторија.

Сите имаат ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

Попуст од 15% за целосни уплати заклучно со петок 16 декември!

Вонсезонски цени (објавени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
21/05-28/05 7 79 45
28/05-04/06 7 99 45
04/06-11/06 7 119 45
11/06-18/06 7 159 45
18/06-25/06 7 179 45
25/06-02/07 7 199 45

*Задолжително плаќаат најмалку 3 лица во дуплекс апартманот

 

Сезонски цени (објавени за наем на апартман за 7 ноќевања)

Термин Ноќевања Двокреветен апартман Трокреветен апартман Четирикреветен дуплекс апартман
02/07-09/07 7 349 379 465
09/07-16/07 7 379 399 495
16/07-23/07 7 399 419 525
23/07-30/08 7 405 435 540
30/07-06/08 7 405 435 540
06/08-13/08 7 405 435 540
13/08-20/08 7 399 419 525
20/08-27/08 7 379 399 495

 

Вонсезонски цени (објавени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термини Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
27/08-03/09 7 199 45
03/09-10/09 7 179 45
10/09-17/09 7 159 45
17/09-24/09 7 119 45

*Задолжително плаќаат најмалку 3 лица во дуплекс апартманот

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
  • Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  • Цената за автобуски превоз изнесува:
    • 3.100 денари (50 евра) за возрани
    • 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
  • Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
  • Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  • Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
  • Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  • Импала травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Импала травел и на самата агенција