Grand Gold 3* - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Grand Gold 3*

Grand Gold 3*

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на брегот на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

Сместување е во хотел GRAND GOLD 3* и е на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица, а вкупниот број на соби е 73. Во склоп на хотелот има два ресторани и надворешен базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење. Во хотелските соби има мини фрижидер. Хотелот нема спа и фитнес.

 

Поаѓање

Враќање

Цена

06.06.2023

13.06.2023

169e

13.06.2023

20.06.2023

179e

20.06.2023

27.06.2023

189e

27.06.2023

04.07.2023

198е

04.07.2023

11.07.2023

208е

11.07.2023

18.07.2023

219е

18.07.2023

25.07.2023

230е

25.07.2023

01.08.2023

241е

01.08.2023

08.08.2023

237е

08.08.2023

15.08.2023

237е

15.08.2023

22.08.2023

237е

22.08.2023

29.08.2023

237е

29.08.2023

05.09.2023

215е

05.09.2023

12.09.2023

205е

12.09.2023

19.09.2023

195е

19.09.2023

26.09.2023

169е

 

 

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Grand Gold 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на базент
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Неготино,Гевгелија, Прилеп, Битола
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус).

Напомени:

  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Сместувањето во хотелот го одредува самиот менаџмент. Импала Травел не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
  • За влез во Република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месеци пред истекување
  • За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметаат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметаат две суми од промо цените.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промоцените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. 
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
  • Во собите е дозволено сместување на лица со гласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни.
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја оддржуваат самите гости.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а агенцијата нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  •  

Факултативни излети

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Третиот  ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете еден чај.

Балат

Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори.Се посетува Железната црква, каде што може да се посети и гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт

Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кои што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

ТАКСИМ ПЛОШТАД

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Балат,Галата Порт и Таксим Плоштад) – 65e

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).

Шопинг Тура – 20е

Идеална Шопинг тура со посета на

-Капали Чаршија

-Outlet 212

-Продавница за благи Коска

-Трговски центар Gloria

План и програма

ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на ден до два дена пред поаѓање.  Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел GRAND GOLD 3*  кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотелот каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 14:00 часот (локално време)
Check out: 09:00 часот (локално време)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз. Ноќевање.

Прв до седми ден

Секој ден започнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата. За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се патува  кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

Балат-Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт-Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Таксим-Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

Осми ден

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.