Врахос - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Врахос

Врахос

ВРАХОС БИЧ – се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, два километри долга плажа, Ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со таверни и рибни ресторани сместени долж убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе Ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума и маслинови дрва.

Вила ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа на крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел, на околу 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва. Вилата има сопствен паркинг (ограничен капацитет) и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена мини кујна, сопствен тоалет, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 5 евра на ден).

Координати: 39°10’11.5″N 20°33’14.4″E 39.169863, 20.553990

Вила ЈОНИЈАН ВЈУ се наоѓа на височинка, околу 70 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив. Вилата има сопствен паркинг, располага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани. Сите апартмани имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, ТВ, сопствено купатило и клима (се доплаќа 5 евра ден). Опис: апартманите се на 1 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. ДУПЛЕКС апартманот е на 1 кат има три простории, спална соба со брачен кревет, детска соба со два единечни кревети и дневен престој со кауч на извлекување и кујна.

Координати: 39°11’04.7″N 20°32’22.2″E 39.184626, 20.539502

 

BLACK WEEK SALE (23.11.-30.11.2022):

Вила Филоксенија -25% попуст за комплетни уплати 
Вила Јониан Вју -20% попуст за комплетни уплати
 

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО / АПАРТМАН

 

ФИЛОКСЕНИЈА

ЈОНИАН ВЈУ

Термин

ноќи

1/3 СТД

1/4 АПП

1/4 АПП

04.06

7

180 €

200 €

240 €

11.06

7

220 €

260 €

330 €

18.06

7

290 €

320 €

390 €

25.06

7

330 €

380 €

450 €

02.07

9

390 €

490 €

580 €

11.07

9

520 €

580 €

650 €

20.07

9

570 €

650 €

750 €

29.07

9

570 €

650 €

750 €

07.08

9

570 €

650 €

750 €

16.08

9

570 €

650 €

750 €

25.08

9

490 €

580 €

690 €

03.09

7

360 €

420 €

490 €

10.09

7

300 €

380 €

450 €

17.09

7

220 €

260 €

360 €

24.09

7

180 €

200 €

240 €

 

 

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.  Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01:00 часот, поаѓање во 01:30 часот на паркингот спроти х. Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.  Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). 
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

 

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 70€ / Еден правец 50€
  • Деца до 12 години 50€ / Еден правец 35€
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Јониан Вју

Филоксенија