Хотел 'Garni Hotel MB 3*' - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел ‘Garni Hotel MB 3*’

Garni Hotel MB 3*

 

Хотел ,,Garni Hotel MB” 3*е удобен хотел сместен во центарот на Будва, на само 350 метри од морето, 50 метри од комплексот “Словенска Плажа” и  700 метри од стариот град Будва.

Категоризиран како хотел со 3 ѕвезди, “Garni hotel MB” им нуди на своите гости идеален одмор, на идеална локација за идеална цена. Локацијата на хотелот која е одлично позиционирана во туристички главниот град на Црна Гора, комбинирана со квалитетот на сместувањето е пријатно и добро место за идеален одмор во сместувачки капацитети со врвен квалитет. Со акцент на срдечност, удобност, хигиена и квалитет, персоналот на хотелот е достапен 24 часа на ден за сите потреби на гостите. Во рамките на хотелот има ресторан и кафе-бар.Нашата агенција располага  со следниве типови на соби:

  • Двокреветни соби со два одвоени кревети
  • Трокреветни соби со еден брачен кревет и еден единечен
  • Четирикреветни апартмани со 2 соби во кои има еден брачен кревет во едната соба  и 2 единечни кревети во другата соба.
  • Петокреветен апартман со 2 соби во кои има еден брачен кревет и еден единечен во едната соба и 2 единечни кревети во другата соба.

Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина, фен, мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi, клима уред (вклучен во цената) и тераса.

Појадокот во хотелот е на база на шведска маса.

 

Пакет аранжман 7 или 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз

ТЕРМИНИ Ноќевање со појадок 1/2 соба цена по лице со превоз 1/3 соба цена по лице со превоз 1/4 апартман цена по лице со превоз
06.06-13.06.2022 7 155 140 135
13.06-20.06.2022 7 155 140 135
20.06-29.06.2022 9 185 165 155
29.06-08.07.2022 9 195 175 165
08.07-17.07.2022 9 235 210 190
17.07-26.07.2022 9 265 240 220
26.07-04.08.2022 9 285 260 240
04.08-13.08.2022 9 285 260 240
13.08-22.08.2022 9 265 240 220
22.08-31.08.2021 9 240 215 195

 

Дополнителни информации:

УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ:

  • Дете до 2 години гратис, не користи легло.
  • Дете до 6 години гратис, не користи легло, плаќа само превоз 25 евра.
  • Прво дете до 12 години со двајца возрасни (користи легло) плаќа 70% од цената на аранжманот.
  • Второ дете до 12 години ( користи легло) плаќа 50% од цената на аранжманот.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Цените во табелите се дадени по лице за 7 или 9 ноќевања со појадок (шведска маса) и вклучен автобуски превоз.
  • За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.
  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
  • За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно, задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
  • Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
  • Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.
  • Туристичка такса и хотелско осигурување се плаќа на рецепција во хотелот и чини 1,25 евра по лице на ден. Со плаќањето добивате картон за престој и хотелско осигурување кој е потребно да го зачувате до крајот на вашиот аранжман.
  • Цените во табелите се дадени во евра,плаќањето се врши  исклучиво во денарска противредност по курс  1 евро (62мкд).
  • Во цената на аранжманот не е вклучено патничко-здравствено осигурување кое може да го извадите во нашата агенција