Кападокија и Измир - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Кападокија и Измир

КАПАДОКИЈА И ИЗМИР

3 ноќи во Кападокија и 4 ноќи во Измир
Авионски превоз секој петок

 

Подгответе се за кратко патување во Кападокија, каде што мајката природа макотрпно правела чуда кои ѝ пркосат на имагинацијата, и каде што живите елементи на историјата, културата, уметноста и општеството се нераскинливо поврзани. Потоа, продолжете со Измиркој, со својата историја, одлична клима, 629 км крајбрежје, море со сите нијанси на сино, и богато културно наследство, Ве очекува да го откриете.

 

Програма на патување:

1 ден (петок) Скопје – Измир-Кападокија

Полетувањеза Кајсери (Кападокија) во 11:20 часот со број на лет XQ897. Слетување во Измир во 14:40.Полетување за Кајсери (Кападокија) во 20:45и пристигнување во 22:15 часот.Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

2 и 3 ден (сабота и недела) – Кападокија

Појадок. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

 

4 ден (понеделник) Кападокија-Измир

Појадок.Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Измир во 08:25 часот со број на лет XQ9039. Слетување во 10:00 часот. Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

 

5 – 7 ден (вторник, среда, четврток) Измир

Појадок.Слободно време за индивидуални активности, разгледи,прошетки,шопинг.Ноќевање.

 

8 ден Измир-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување од Измир во 11:05 часот, и слетување во Скопје во 10:30.

 

 

Хотел во Кападокија Хотел во Измир Цена за пакет по лице  
 
Burcu Kaya Hotel   3 * Ontur İzmir 4 * 799 €  
Gamirasu Cave 4 * Altin Yunus Resort & Thermal Hotel 5* 869 €  
 

 

 

Во цената се вклучени следните услуги:

  • Авионски билет со Sun Express ,со вклучени аеродромски такси, 7 кг рачен багаж и 20 кг чекиран багаж
  • 8 дена / 7 ноќевања во одбран хотел, услуга ноќевање со појадок
  • Трансфер од аеродромите до хотел и обратно

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Факултативни екскурзии
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Дополнителни трошоци (телефон, минибар,пијалоци, оброци надвор од концептот)

НАПОМЕНА

  • Цените не се гарантирани, туку се променливи во зависност од слободни места во авион и хотел
  • Сместувањето е во наведените хотели (во зависност од избраниот пакет) или слични на нив
  • Цените за деца кои патуваат со возрасно лице се достапни на барање
  • Цените за еднокреветни или трокреветни соби се достапни на барање
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба.Плаќањето е исклучиво во денари 1 €=62ден
  • Пасошот треба да биде валиден минимум 6 месеци од денот на враќање
  • Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или имиња