Дубаи - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Дубаи

ДУБАИ

Комплет индивидуални програми со авионски превоз | 4, 5 или 6 ноќевања

 

Дубаи, град на луксузот, раскошот, рај од иднината кој Ве чека да го откриете…
Плажи, сонце, забава – Дубаи има се. Не е ни чудо што е прогласен за најдобра дестинација на Tripadvisor во светот за 2022 година

ПРОГРАМА:

Прв ден | Тирана – Дубаи
Полетување од аеродромот во Тирана за Абу Даби со Wizz Air. Слетување во Абу Даби, по што следи организиран превоз до избраниот хотел во Дубаи. Сместување во хотел во 14:00. Слободно време за одмор, индивидуални прошетки или можност за користење на факултативен разглед по Ваш избор (со доплата). Ноќевање.

Втор, трет, четврти или петти ден | Дубаи
Појадок. Слободни денови за индивидуални разгледи, прошетки и доколку сакате имате можност да користите и факултативни разгледи по Ваш избор (со доплата). Ноќевање.

Последен ден | Дубаи – Тирана
Појадок. Организиран превоз до аеродромот во Абу Даби. Лет со Wizz Air до Тирана.

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ И ГИ ВКЛУЧУВААТ СЛЕДНИВЕ УСЛУГИ:

  • Авионски превоз со Wizz Air (20 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
  • Поаѓање ( TIA – AUH ) со летот 5W 7092
  • Враќање ( AUH – TIA ) со летот 5W 7091
  • При правење на резервација како и 12 часа пред полетување, Ве молиме да ги проверите деталите и времињата за летовите, поради можни промени на истити.
  • Аеродромски такси
  • 4, 5 или 6 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • Услуга: ноќевање со појадок
  • Организирани трансфери во OAE на релација аеродром (Abu Dhabi International Airport) – хотел – аеродром (Abu Dhabi International Airport)

ВО ЦЕНАТА НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Влезна виза за Дубаи – 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица со македонски пасош)
  • Трансфер до и од аеродромот во Тирана:
  • Редовна автобуска линија Скопје – Тирана – Скопје 45 EUR по лице (повратен билет)
  • Индивидуален трансфер (на барање)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Дополнителни трошоци во хотелот
  • Доплата за early check in во хотелот (на барање)
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот на лице место при check in или при check out (2-6 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
  • Факултативни излети – на барање (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)

Виза:

За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден минимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: contact@impala.com.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ НА АРАНЖМАНИТЕ СЕ ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ, ИСТИТЕ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНИ ОДНОСНО НЕ ГИ ГАРАНТИРАМЕ ПОРАДИ БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ СЕДИШТА ВО АВИОНОТ, ВРЕМИЊАТА НА ЛЕТОВИТЕ И МОЖНАТА ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИСТИТЕ!
  • ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА ОД 100 % НА ВКУПНАТА СУМА, А ДОКОЛКУ РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОТКАЖЕ СЕ НАПЛАТУВААТ ПЕНАЛИ ОД 100 %.
  • ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА НЕ Е ДОЗВОЛЕН, ОДНОСНО СЕ НАПЛАТУВААТ ПЕНАЛИ ОД 100 %.
  • Други типови на соби се достапни на барање
  • Сместување на трето лице во двокреветна соба е на дополнително легло во стандардна двокреветна соба
  • Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 мкд)
  • За ова патување потребен е македонски биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето. Секој клиент сноси лична одговорност за ВАЛИДНОСТ И ИСПРАВНОСTА на патните документи, односно агенцијата / организаторот на аранжманот не сноси одговорност.
  • Ве информираме дека здравствено и патничко осигурување е задолжително, за да се елиминираат сите потенцијални проблеми кои би можело да се појават.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Импала Травел  и СКТМ