Летото може да биде и море и планина. Доколку досега вака не сте го замислиле вашиот летен одмор, сега е вистинското време да го наполните вашето срце, очи и албум со незаборавни спомени… Постои место каде природата не штедела на убавини, па на едно место подарила планини, водопади, море, а човекот направил патишта, железници, бродови за сето тоа да ни биде достапно. Норвешките ФЈОРДОВИ не се само место. Тоа е искуство. Моменти во кои нема да верувате додека не ги доживеете. Секој регион во Норвешка ви нуди уникатен сет на знаменитости и атракции, од Атлантскиот пат на северозапад до Берген на југозапад, дозволете си да бидете инспирирани, а за фјордовите може да се каже дека се авантурата зад секој агол. Додека патувате по Норвешките Фјордови се развива една фантастична приказна со многу поглавја. Кога ги гледате високите планини кои го опкружуваат Nærøyfjord, најтесниот фјорд во светот, можете да ја оцените огромната моќ на силите на природата. Но, што всушност е фјорд? Фјордот е длабоко, тесно и издолжено море или езеро, со стрмно копно од три страни. Фјорд е еден од ретките норвешки зборови што станале меѓународни… Приказната за уникатното искуство ја продолжуваме во наредните седум дена, почнуваќи од Осло…
04 август (Понеделник) Скопје – Осло – Геило
Состанок на група на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Осло во 04.00 часот. Слетување во Осло во 09.00часот. Организиран трансфер од аеродром до Осло, каде групата се состанува со локалниот водич и почнува разглед на градот (комбинација од пешачење и панорамско разгледување) 2 часа: обиколка на норвешката престолнина која минува низ централното подрачје со катедралата, Парламентот, главната улица Карл Јохан, Универзитетот и Кралската палата со прошетка во импресивниот парк Вигеланд со повеќе од 200 неверојатни скулптури. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Геило. Град познат по скијачките центри, планинарски патеки и два прекрасни национални паркови познати по артичките лисици и диви ирваси, како и повеќе езерца и реки. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање
05 август (Втоеник) Геило – Берген
Појадок. Патување кон Берген со попатно застанување на водопадите Ворингфосен. Овие импресивни водопади имат слободен пад од 145 метри и се една од најпосетуваните туристички атракции во Норвешка и веројатно најпознатиот водопад во земјата. Пристигнување во Берген. Разгледување на Берген со водич, уште наречен и срцето на фјордовите. Иако Берген е втор по големина град во Норвешка, има атмосфера на мал град, преполн со шарм и урбан карактер. Уживајте во тесните калдрмести улички, како и можноста да се види местото на светско наследство на УНЕСКО Бриген, “The Hanseatic Wharf”, најочигледниот остаток од времето кога Берген бил центар на трговијата меѓу Норвешка и останатите градови во Европа. Сместување во хотел. Ноќевање
06 август ( Среда) Берген – Согнефјорд (Леикангер)
Појадок. Можност за две различни адреналински факултативни излети.
Flam Railway (релација Флам-Мирдал-Флам) е најстрмната железница во Европа, неверојатно патување меѓу планини и фјордови. Железницата Флам е линија долга 20 км од главната Бергенска линија, таа минува низ долината Флам и ја поврзува главната линија со Согнефјорд и селото Флам фјорд. Висинската разлика на линијата е 863 метри, со десет станици, дваесет тунели и еден мост.
Крстарење по Nærøyfjord: започнува од Flåm, бродот ќе го започне своето патување пловејќи низ идиличниот Аурландс фјорд, кој исто така е впишан на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Понатаму, бродот продолжува низ тесниот Nærøyfjord пред да пристигне Гудванген, највнатрешниот фјорд од целиот Нордфјорд. Крстарењето е околу два часа во еден правец, од Флам до Гудванген од каде групата ќе биде превземена со автобус. Патување кон Леикангер, сместување во хотел. Ноќевање
07 август (Четврток) Согнефјорд (Леикангер) – Нордфјорд
Појадок. Патување кон Бриксдал во посета на глечерот Бриксдал, опција да се изнајми „Тролкар“ (мали електрчини коли, налик на голф количка) во случај да не сакате да пешачите. Патеката е долга 2,5 километри, пешачењето трае околу 45-60 минути и е релативно рамна со мали наклони, со севкупна надморска височина од 200метри. Глечерот Бриксдал е една од најпосетуваните туристички атракции во Норвешка, опкружен со величествени планини и прекрасни водопади. Уживате во спектакуларните пејзажни на планинските водопади, кристално чистите езера и традиционалната архитектура. Патување кон Нортфјорд, сместување во хотел. Ноќевање
08 август (Петок) Нордфјорд – Молде – Кристијансунд
Појадок. Премин со траект од Линге до Ајсдал. ( Linge → Eisdal). Групата се упатува на портот Геирангер (Geiranger pier – NORWAY’S BEST) од каде што започнува крстарење по фјордовите од Гејрангер до Хелсилт. Гејрангер фјорд, еден од најпознатите во светот, вистински скапоцен камен, со својата карактеристична форма S. Високите водопади и напуштените планински форми и целиот овој пејзаж на фјордот е вклучен на листата на светското наследство на УНЕСКО. Патувањето продолжува кон Кристијансунд преку Молде и автопатот Атлантик. Крајбрежниот атлантски пат е еден од најсценските за возење во светот, уникатен дел од патот ве води веднаш до работ на океанот. Во 2005 година патот беше прогласен за „Инженерски подвиг на векот“ на Норвешка. Отворен во 1989 година, има статус на Национална туристичка рута, целиот дел помеѓу Буд и Кристијансунд е едно континуирано искуство преполно со крајбрежни предели, култура и историја. Отворете ги сите ваши сетила бидејќи искуството на Atlantic Road ќе ви остави спомени за цел живот. Пристигнување во Кристијансунд, шарениот град уште се нарекува Атлантик Сити, бидејќи е најблискиот град до еден од најсценските патишта во светот – Атлантскиот пат. Сместување во хотел. Ноќевање.
09 август (Сабота) Кристијансунд -Лилехамер
Појадок. Патување (09.00 часот) од Кристијансун до Лилехамер со попатни паузи и застанувања (предвидени се две до три паузи во текот на патувањето Dombas, Dovrefjell park, Oppdal) Опдали, познат како едно од најголемите алпски одморалишта во Норвешка, поминувајќи низ Домбас, главната раскрсница на Норвешка, каде што се среќаваат патишта, железница и неколку национални паркови. Паркот Доврфел, националниот парк со диви ирваси, планински лисици и елени, еден од најбајковитите планински области во Норвешка. Крајната дестинација е Лилехамер, Сместување во хотел. Ноќевање
10 август (Недела) Лилехамер – Осло – Скопје
Појадок. Лилехамер, познато скијачко одморалиште во јужна Норвешка. Центарот на градот го красат дрвени куќи од крајот на 19век, кои уживаат во живописната локација со поглед на северниот дел на езерото Мјоса и реката Лаген, опкружена со планини. Лилехамер беше домаќин на Зимските олимписки игри 1994 и Зимските олимписки игри за млади во 2016 година. Посета на Олимпискиот музеј кој има изложби од Зимските олимписки игри. Патување кон Осло. Пристигнување и слободно време за индивидуални активности или пак можност за посета на музеите Кон-ти-Ки и Фрам . Трансфер до аеродромот во Осло. Лет за Скопје во 20.55 часот. Слетување во 02.05часот.
Во цента е вклучено:
Информација за лет
JU 797G 04AUG M SKPBEG HK30 0400 0510
JU 390G 04AUG M BEGOSL HK30 0610 0900
JU 393G 10AUG S OSLBEG HK30 2055 2340
JU 796G 11AUG M BEGSKP HK30 0050 0205
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
Факултативи:
Напомена:
Напомена:
М