Да, Лион дефинитивно вреди да се посети! Тој е трет најголем град во Франција со одлична комбинација на историја, култура, гастрономија и архитектура. Познат по своите живописни улички во стариот град (Vieux Lyon), Лион зрачи со шарм и автентичност. Реките Рона и Сона му даваат посебна магија, а панорамскиот поглед од базиликата Нотр-Дам де Фурвиер е незаборавен. Лион со своите традиционални “бушон” ресторани е вистинска ризница на француското наследство.
Авион/ 3 дена/ 2 ноќевања
5.Јуни (Четврток) СКОПЈЕ – ЛИОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Лион во 18:55 и слетување во 21:25 часот. Организиран трансфер до Хотелот и сместување. Ноќевање.
06.Јуни (Петок) ЛИОН Историја, природа и гастрономија
Појадок. Прошетка по старото градско јадро (Vieux Lyon) заштитено од УНЕСКО, по калдрмисаните улици, покрај ренесансната архитектура и скриените „traboules“ пасажи. Можнот за посета на Базиликата Нотр-Дам де Фурвиер со прекрасна внатрешност и панорамски поглед на градот. Околината покрај римскиот амфитеатар е одлично место за сликање. Прошетката продолжува до Паркот, еден од најубавите градски паркови во Европа, со малото езеро и ботаничка градина. Препорачуваме да се вкуси некој од локалните специјалитети, како што се quenelles, andouillette и tarte à la praline. Ноќевање.
07.Јуни (Сабота) ЛИОН Уметност и модерна страна – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка до квартот Прескил, полн со шопинг улици, кафулиња, ресторани и модерна уметност. Можност за посета на Музејот на фини уметности, „мал Лувр“, со богата збирка. Прошетката продолжува до Place Bellecour, еден од најголемите плоштади во Европа и Rue de la République, главната трговска улица. Confluence District e модерна зона каде што се спојуваат реките Сона и Рона, како пример за урбана реновација и одржлив дизајн. Организиран трансфер до Аеродромот во Лион. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 00:20 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
А