Авион/ 5 дена/ 4 ноќевања
Грузија, земја со волшебна убавина и безвременски шарм, каде античката историја се среќава со пејзажи кои го одземаат здивот на секој патник. Сместена на раскрсницата на Европа и Азија, Грузија е дестинација која ветува патување исполнето со нови уметнички откритија и незаборавна авантура. Има свое богато културно наследство, каде калдрманите улици шепотат приказни од милениумите, а истовремено е позната и како земја со најстари во светот, традиционални техники на правење вино. Предвидени се посети на живописни градови како Кутаиси и Тбилиси, богати со различни култури, прекрасна природа, вкусна традиционална кујна и улици кои будат чувство на најубавата бајка.
23 октомври СКОПЈЕ – СОЛУН- КУТАИСИ
Состанок на групата во 14.00 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.
24 октомври KУТАИСИ – САГУРАМО – МЦХЕТА – ТБИЛИСИ
Појадок. Панорамски разглед на Кутаиси во кој патниците ќе имаат можност да искусат сценски погледи и уникатна перспектива на градот, истовремено посетувајќи ги неговите најспецифични знаменитости. Започнувајќи од градинскиот булевар Кутаиси, кој е шармантна оаза каде посетителите можат да се релаксираат со бујното зеленило и живописните цвеќиња, совршен спој на природата, историјата и локалната култура. Посета на Драмскиот театар и Театарот за опера и балет кои се грандиозни, архитектонски ремек-дела, комбинирајќи ја класичната елеганција со уметничката душа на Грузија. Столбовите и елегантните фасади на Драмскиот театар ја отсликуваат историјата, традицијата и богатата културна сцена на Кутаиси. Театарот за опера и балет зрачи софистицираност со своите неверојатни скулптури и кралски дизајн од светска класа. Заедно, овие театри не се само места за уметничко изразување – тие се симболи на уметничкиот дух на Кутаиси, каде минатото се среќава со сегашноста во незаборавен спој на историјата и изведбата. Во близина на брегот на реката Риони е сместена резиденцијата на кралот Окрос Чардахи, некогашен дом на моќниот владетел, извонреден пример за архитектонска величина и антички грузиски дизајн. Следи посета на милениумската катедрала Баграти, ремек-дело на средновековната грузиска архитектура од 11 век која со својата структура во облик на купола и сложено дизајнирани фрески, зрачи со безвременска убавина која трае со векови и покрај предизвиците на времето и историјата, вклучително и штетите од инвазии и природни катастрофи. Посета на винаријата Гурамшвили Марани во Сагурамо каде ќе се дегустира традиционална храна и локални вина направени од автохтони грузиски сорти на грозје, вина со извонреден карактер. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
25 октомври ТБИЛИСИ
Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности. Организирана вечера со фолклорна претстава. Ноќевање.
26 октомври ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ
Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија, позната по врвните скијачки центри во Грузија кои привлекуваат посетители од целиот свет. Пристигнување во Казбеги, набљудување на водопадите и снежните врвови на Кавказ и вкусување на минерални води. Возење со теренски џипови до планината Гергети, возбудливо, адреналинско и незаборавно искуство, нудејќи им на посетителите можност да истражат еден од највозбудливите и иконски пејзажи во Грузија. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Ручек од грузиската традиционалната кујна во познатиот ресторан Guramishvili’s Marani. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.
27 октомври ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – ГЕЛАТИ – КУТАИСИ
Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на регионот Картли, познат како политички, културен и историски центар на земјата, лулка на грузиската цивилизација. Посета на градот Гори, прошетка низ средновековната тврдина Цхра-кара Деветкарата, со камена структура, која била од стратешко и воено значење за Грузија за време на нејзината средновековна историја. Кратка прошетка до музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 19:05 часот. Пристигнување во Солун во 19:55 часот локално време. Трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
М