ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…
Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.
Термин 07 Декември
Програма на патување:
1 ден 07.12.2023 Скопје – Виена
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување кон Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден. 08.12.2023 ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…
Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена и посета на Божиќните базари со можност да се вкусат прекрасните деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
3 ден. 09.12. ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – Шопинг центар Parndorf – ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Најубавиот дел на Братислава има бајковит божиќен базар. Стариот град мириса на разни деликатеси и звуци од божиќни песни.
Враќање во Виена и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf, слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 10.12. ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Слободно време за индивидулни активности. Во попладневните часови заминување кон Скопје.
5 ден. 11.12. Понеделник СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во претпладневните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: