Љубљана - Божиќен базар - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Љубљана – Божиќен базар

Љубљана – Божиќен базар

Авион / 3 дена / 2 ноќевања 

           

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопишлив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле.        

 

1. Ден (12.12.2023 вторник)     СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА
Состанок на групата два часа пред лет (во 04:00 часот) на аеродромот во Скопје. Летот за Љубљана W6 7783 е во 06:05 часот. Слетување во Љубљана во 07:45 часот. По завршување на пасошка контрола следи разглед на градот: Симбол на градот – Змејскиот мост, Трите мостови на реката Љубљаница. Прешарениот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц, Прешерн, Фрањевачка Црква или Црква на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Сместување во хотел. Слободно попладне за учивање во Божиќната магија. Ноќевање.

 

2. Ден (13.12.2023 среда)     БЛЕД и БОХИЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме факултативен излет до Блед и Бохињ. Блед – бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ и Бохињското глечерско езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Љубљана. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.  

 

3. Ден (14.12.2023 четврток)     ЉУБЉАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел до 12 часонт. Слободно време за уживање во Божиќната бајка и можност за шопинг. Попладнето трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 21:40 часот со лет бр. W6 7784. Слетување во Скопје во 23:15 часот.

 

 

Цена за рана уплата до 31.10

290€ / 17.690 мкд

Цена на аранжманот:

329€ / 20.400 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •   Авионски превоз на релација: Скопје – Љубљана – Скопје со Визер
  •   Аеродромски такси
  •   Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10кг.
  •   Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Љубљана
  •   Сместување во хотел Ibis Styles Ljubljana Centre 3* на база 2 ноќевања со појадок
  •   Разглед на Љубљана со локален водич според програмата
  •   Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за багаж: WIZZ Priority кабински багаж до 10 кг. – 2.300 ден.; чекиран багаж куфер до 10 кг. – 2.400 ден.; чекиран багаж куфер до 20 кг. 3.200 ден. (цената е променлива – инфо во агенција)
  • Туристичка такса 7€ (430 ден., се плаќа во агенција)
  • Посета на Блед и Бохињ – 70€ (превоз и локален водич на српски јазик) – резервација се прави при уплата во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 55€ / 3.410 ден.
  • Дополнителни оброци и пијалоци
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (инфо во агенција)

  

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Минимум број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 14 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
  • Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го заджува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупниот износ на аранжманот, целосна доплата најдозна 15 дена пред поаѓање.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
  • За оваа програма важат Општите Услови на Патувањето на Импала Травел.
  • Авио билетите се не рефундабилни!