Хрватска (Истра) - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хрватска (Истра)

ХРВАТСКА (Истра)

Термин : 05 – 09 Март 2025

 

05.03.2025 (СРЕДА) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ

Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.

 

06.03.2025 (ЧЕТВРТОК) ЗАГРЕБ – ЦРИКВЕНИЦА

Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб. Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуална прошетка. Сместување во хотел со 3* Цриквеница.
Цриквеница се наоѓа наспроти островот Крк, има околу 11.100 жители и е на 35 километри од пристанишниот град Риека. Заедно со одморалиштата Драмаљ, Јадраново и Селце ја формира познатата Цриквеничка Ривиера. Историјата на туризмот датира повеќе од 125 години, а и денес ова прекрасно одморалиште е најпознатото и најголемото од целата ривиера. Гостите го сакаат неговиот носталгичен шарм, кој може да се доживее особено во романтичниот стар град, но и покрај шеталиштето. Сепак, Цриквеница е особено позната по многуте прекрасни плажи. Апсолутен белег во приморското одморалиште е долгата песочна плажа Градско Купалиште, која дури е наградена со сино знаме. Веднаш зад него е шеталиштето обложено со палми, кое води до други прекрасни заливи, до живописниот центар и стариот град. Тука се сместени многу добри ресторани, пријатни барови, кафулиња, но и некои продавници и бутици. Вечерта препорачуваме да го посетите стариот дел од градот со пријатна атмосфера. Ноќевање.

 

Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град чии калдрмни улички биле изградени во средновековен стил. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градби во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римскиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст) со еспресо 😊. Tрст може нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità d’Italia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Пиран . Пиран е најубавиот град на словенечкото крајбрежје. Стариот пристанишен град со остатоци од средновековен ѕид е заштитен како културно-историски споменик. Тесните улички со тесно изградени куќи кои се спуштаат од ридот и неговата црква до централниот плоштад на брегот само го нагласуваат неговиот медитерански карактер. Овој светски крајбрежен град, кој се разви под влијание на Венеција и се смета за еден од најавтентичните и најфотогеничните градови на јадранскиот брег. Пиран не смеете да го одложите на оваа екскурзија. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за индивидуални активности.Последното место за посета е историскиот стар град Крк (главен град на островот Крк) кој е вистински лавиринт од камени улички и  живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање.

 

Појадок во хотел. Групно одјавување и заминување кон Риека (Rijeka) кој е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.

 

ПРОМО ЦЕНА до 15.02.2025 : 229/ 14.200 денари 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259/ 16.060 денари 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз *Превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
  • 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Цриквеница
  • Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
  • Посета на Риека и разглед на градот со локален водич
  • Туристички придружник

 

Во цената на аранжманот  не  е вклучено:

  • Посета на Ровињ,Пула и Опатија разглед на градовите со локален водич- 50 евра од лице
  • Посета на Трст (Италија), Пиран (Словенија), градот Крк на островот Крк и разглед на градовите со локален водич – 60 евра
  • International пакет (посета на Пула, Ровињ, Опатија, Трст и Пиран) 90 евра од лице – (20 евра заштеда) – сите факултативи
  • Туристичка такса од лице 9 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
  • Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. При уплата патникот се изјаснува дали ќе присуствува на факултативните излети
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата и промена на сместување.
  • Доплата за сингл соба 45 евра од сумата на аранжманот (ограничени соби)
  • Сместување со соби за две и три лица. Агенцијата не гарантира дали ќе бидете сместени во соба со брачен или два единечни кревети, менаџментот на хотелот го одредува тоа.
  • Во собите за 3 лица, третото легло е дополнително (помошно) и се намалува 20 евра од сумата на аранжманот за третото лице

 

S