Атина
Сигурна реализација
Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеа подеми и падови како неколку други мегаполи во светот. За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги постави темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога се споменува Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признаен како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина.
Состанок на групата во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Организиран превоз од: Кочани (судот), Штип (лукоил бензиска), Велес (макоил бензиска), Неготино (макпетрол бензиска), Гевгелија (граничен премин).
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Храмот на Зевс, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…), Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кои потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По завршување на разгледот, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта можност за заедничка прошетка. Ноќевање.
Појадок во хотел. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува со посета на најголемиот и најдобро сочуваниот примерок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар! Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрити, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Не верувате? Ви препорачуваме да го посетите и да се уверите. Се смета дека распоредот на седиштата е всушност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштита на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш, а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескрајни можности за купување автентични грчки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера. Ноќевање.
Појадок во хотел. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаништето Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското пристаниште, едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија, Сунион е веднаш до Делфи, еден од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од каде што атинскиот крал Егеј се фрлил во очај кога ги видел црните едра на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели едра по враќање во својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да пиете кафе со поглед на море. Заминување кон Атина. Собирање на патниците кои не одат на овој факултативен излет и се поаѓа кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје по полноќ.
ПРОМО ЦЕНА: 149€ / 9.240 ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11.100 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: