Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.
07 Март (петок) СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.15 часот. Авионот за Милано полетува во 20.20, слетува во 22.35 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.
08 Март (сабота) МИЛАНО
Појадок. Факултативно, разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.
09 Март (недела) МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано…. Ноќевање.
10 Март (понеделник) МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 23:15, а пристигнувањето во Скопје е во 01:20 часот после полноќ наредниот ден.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
Начини на плаќање:
Општи напомени за патување:
M