Куба, Варадеро и Хавана - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куба, Варадеро и Хавана

Куба, Варадеро и Хавана

Уживајте во ритамот на салсата и во белите плажи на Карибите

 

04.03 – 15.03.2025 | 9 ноќи – 11 дена

Групно патување | Лет од Скопје 

 

Добредојдовте во Куба, земјата на музиката, сонцето, на боите, насмевките… Магичен остров со фасцинантна архитектура која го враќа духот на колонијалното време, каде се чини дека времето застанало, земјата на револуцијата! Куба е нешто што треба самите да го доживеете, да го вкусите, помирисате, допрете…. Патувањето ве води од прекрасните плажи со бел песок и тиркизното море во Варадеро, па се до раздвижената и историска Хавана, каде ќе ја запознаете нивната автентична и богата култура, ќе ги вкусите нивните традиционални јадења, ќе ги испиете најдобрите Cuba libre и Mojito коктели на светот, ќе имате можност да ги помирисате рачно валаните кубански пури и да танцувате во веселиот ритам на салсата на врвните музичари. Куба е дестинација која не наликува на ниедна друга, возбудлива, контрадикторна, земја со богато минато од шпанските конквистадори, карипските пирати, црните робови, до американските магнати и мафијаши, и револуционерите, со чудесните градови со неверојатно убава колонијална архитектура. Од овој момент заборавете на сето она што сте го прочитале за Куба, отворете ги сите сетила и препуштете му се на уживањето на една уникатна егзотична авантура, запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.

 

Авионски лет:

Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Хавана – Истанбул – Скопје)

Поаѓање:

04.03.2025 во 20:35ч. (Скопје)

Пристигнување:

05.03.2025 во 07:15ч (Хавана)

Услуга:

Варадеро: 7 ноќевања со Се вклучено (All Inclusive)

Хавана: 2 ноќевања со Појадок (Bed & Breakfast)

Сместување:

Варадеро: 7 ноќи во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен

Хавана: 2 ноќи во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен

Друго вклучено:

Трансфери & претставник од Македонија

Враќање во Скопје:

15.03.2025 во 19:45ч.

 

1 ДЕН (04.03.2025 – вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ХАВАНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од Истанбул за Хавана во 01:55 часот.

2 ДЕН (05.03.2025 – среда) ХАВАНА – ВАРАДЕРО

Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање, капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање. ***Забелешка: Пријавувањето во хотелот е најчесто до 16 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските капацитети и да ручаат во хотелот.

3 до 8 ДЕН (06.03. – 11.032025) ВАРАДЕРО

Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во Варадеро ќе се организираат разни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad); екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari); екскурзија долината Вињалес со вклучен ручек (Vinales). Ноќевање.

9 ДЕН (12.03.2025 – среда) ВАРАДЕРО – ХАВАНА – Екскурзија “Хемингвеј тура” (Hemingway Tour)

Појадок во хотел. По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана. Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или можност за полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансфер во ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата). Ноќевање.

10 ДЕН (13.03.2025 – четврток) ХАВАНА – Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме целодневна факултативна екскурзија на Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно попладне. Навечер можност за вечера со организиран трансфер во ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата). По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.

11 ДЕН (14.03.2025 – петок) ХАВАНА – ИСТАНБУЛ

Ран појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.

12 ДЕН (15.03.2025 – сабота) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45 часот по локално време.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – КУБА ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 04.03 – 15.03.2025
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 05.03 – 14.03.2025
ВАРАДЕРО – PLAYA VISTA AZUL 5* УСЛУГИ  7 AI + 2 BB
ХАВАНА – GRAND ASTON HABANA 5* НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 9Н / 11Д
Цена по лице во двокреветна соба  2.100 € / 130.200 мкд
РАН БУКИНГ цена по лицеза резервации до 31.01.2025  1.995 € / 123.690 мкд
Попуст за дете (2 – 11,99 год) *** 245 € / -15.190 мкд
Попуст за трето лице (12+ год) ***  70 € / -4.430 мкд
Доплата за еднокреветна соба На барање
 Сместувањето за трето лице и за деца е на дополнително легло, спрема расположливост.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Повратни авионски билети на релација Скопје – Хавана – Скопје со авиокомпанија Turkish Airlines, со аеродромски такси.
  • Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 23 кг.
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хавана од страна на локалниот партнер.
  • Oрганизиран трансфер од аеродром во Хавана до хотел во Варадеро.
  • 7 ноќевања на база Се вклучено (All Inclusive) во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен во Варадеро.
  •  Oрганизиран трансфер од хотелот во Варадеро до хотел во Хавана.
  • 2 ноќевања на база ноќевање со појадок (Bed & Breakfast) во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен во Хавана.
  •  Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •  Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
  • Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни во овој дел од светот.
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
  • Индивидуални трошоци, оброци, пијалоци и услуги надвор од понудата.
  • Факултативни екскурзии и влезници за културно-историски споменици.

 

Au