Истанбул - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул

ИСТАНБУЛ

8-ми Март

06.03.2025 – 09.03.2025

 

ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ

Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.

За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…              

 

 

1 ден  06.03.2025 (Четврток)

Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Pegasus Airlines во 10:50 часот со број на лет PC352. Слетување во Истанбул во 14:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.

Слободнo попладне за шопинг и индивидуални активности. Предлог –Посета на некој од познатите трговски центри, како на пример Форум, со можност за посета на Аквариумот или шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници. Предлог-посета на трговскиот центар Sapphire, сместен во највисоката зграда во Европа (236 м), со прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Направете виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D киното. За љубителите на убави фотографии препорачуваме посета на Каракој – место со многу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите. Ноќевање.

2 ден  07.03.2025 (Петок)

Појадок. Факултативен разглед низ стариот дел на Истанбул со лиценциран водич – плоштадот Султан Ахмет, византискиот Хиподром,Султановиот дворец опкружен со море од сите страни-палатата Топ Капи, џамијата Султанахмет наречена и Сина Џамија, поради своите бои (сина, зелена и бела-последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња, Аја Софија (црква, џамија, музеј, и повторно џамија). Денот го продолжуваме со крстарење по Босфорот (1 час) со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  08.03.2025 (Сабота)

Појадок. Факултативно-посета со влез на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај, градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, денес претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Следува посета на Ортакој, една од најшармантните области во Истанбул, позната по бројните кафулиња, галерии, историски објекти. Денот го продолжуваме во Азискиот дел на градот со посета на познатата област Ускудар од каде може да се види Моминската кула која е симбол на градот на Босфорот и Кузгунџук, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Посета на ридот Чамлиџа, едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел.

Вечерта (факултативно) организирана турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера, пијалок и забава. Враќање во хотел.  Ноќевање.

4 ден  09.03.2025 (Понеделник)

                Појадок. Слободно претпладне за шопинг и индивидуални активности. Одјавување од хотел во 12:00 и организиран трансфер од хотел до аеродром. Полетување за Скопје во 16:10 часот со број на лет PC353. Слетување во Скопје во 15:40 часот.

 

 Редовна цена по лице – 439€ (27.218 ден)

Промо цена по лице 399€ (24.738 ден) за резервации  до 31.01.25

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје на Pegasus Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок Hotel Grand Washington во срцето на градот – http://www.grand-washington.com
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Разглед на градот со лиценциран водич и едночасовно крастарење по Босфор 45 еур (влезници не се вклучени во цена)
  • Посета на Долма Бахче, Обакој, Ускудар, Кузгунџук и Чамлиџа – 50 €, со трансфер и водич (влезници не се вклучени во цена)
  • Вечера на брод – 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалаци на бродот
  • Патничко и здравствено осигурување

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
  • За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, и цените важат за минимум 15 пријавени лица
  • Краен рок за пријавување 20.02.2025. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Импала Травел