Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната.
Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница.
Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне.
Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата.
Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел.
Вечера. Ноќевање.
Појадок. Во 10.00час организирана пешачка прошетка до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија.
Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот 175 евра / 10.850 мкд