Атина - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Атина

 

АТИНА

 

Атина е град посветен на божицата Атина, по која го добила името и која била нејзин заштитник со векови. Денес, Атина е мултимилионска метропола, бидејќи од своето постоење преживеа подеми и падови како неколку други мегаполи во светот. За историјата на човештвото, Атина е значајна затоа што ги постави темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Сепак, првата асоцијација кога се споменува Атина е Акропол со Партенон како најголем и најважен храм кој доминирал  две и пол илјади години.
Град на историјата, но и главен град на добри времиња. Бил признаен како центар на културата и уметноста дури и во време кога повеќето европски метрополи не ни постоеле. Храмот на Олимпискиот Зевс, стадионот Панатинаик – место на првите модерни Олимписки игри во 1896 година, Кралската палата, црквата Свети Павле, Парламентот, нумизматичкиот музеј Шлиман, главната Трикластагни Миа, Универзитетот и Националниот Библиотека, се само дел од убавината на денешна Атина. Ви нудиме можност за 11 Октомври да уживате во метрополата, во продолжение програмата…..

 

06.12.2024 (Петок):  СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата во 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

07.12.2024 (Сабота): АТИНА

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

08.12.2024 (Недела): АТИНА – ПЕЛЕПОНЕЗ

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Слободна вечер. Ноќевање.

 

После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.12. – Вторник.

 

  

ПРОМО ЦЕНА: 139 евра / 8.620 мкд до 10.11.2024
Цена на аранжманот 169 евра / 10.480 мкд

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Атина (во близина на плоштадот Омониа)
  • Панорамски разглед на градот со локален водич
  • Туристички придружник од агенција

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:        

  • Патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (40 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12 €) и Микена (12 €)
  • Посета на Сунион со вклучена влезница (35€)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (30 еур)
  • Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ: 

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред патување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

S