Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
ВТОР ДЕН 06.12.2025 (САБОТА) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…
Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА) ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Во договорено време со водичот, се упатуваме на факултативен излет во Самобор – шармантен град кој претставува вистински бисер за еднодневна прошетка, па кога сте во Загреб не ја пропуштајте оваа можност. Ќе го посетиме стариот град каде се наоѓаат руините од средновековната тврдина Самобор, изградена во 13 век, кој има прекрасен поглед кон целиот град. Ќе прошетаме низ главниот плоштад (Trg kralja Tomislava) со живописни фасади, кафулиња, и мали продавници со домашни производи. Слободно време за кафе и дегустација на самоборска кремшнита во најпознатото место за дегустација кафе-слаткарницата “U Prolazu” или “Livadić”. Оние патници кои нема да одат на оваа факултатива ќе имаат можност да го посетат шопинг центарот “Arena Centar” во Загреб. Поаѓање кон Македонија во договорено време.
Пристигнување во Скопје на 09.12.2025 – вторник, во раните утрински часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
S