Порто и Лисабон - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Порто и Лисабон

ПОРТО и ЛИСАБОН

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

 

Вториот по големина град во Португалија и оној што и го даде своето име на земјатаПорто е совршен спој на класични вибрации и модерна енергија. Тоа е фантастичен град за пешачењенурнете длабоко во историјата низ живописната област Рибеира, прошетајте по кривулестите улици со калдрма и погледнете ги градските куќи од 18 век заедно со шик продавници и ресторани… И не заборавајте да ги посетите пристанишните винарски визби.

Лисабоннајзападната европска метропола, морски град со разнобојни куќи и елегантни парковиградот е супер за пешачење, но трамвајот (оние иконски жолти трамваи) ќе бидат тука кога ќе ви се изморат нозете... уживајте во слушање на фадо музика во историскиот кварт Алфама и пробајте ги тартовите со крем… А непосредно надвор од градот се низа плажи на Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил…

 

09 Октомври    СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО

Состанок на аеродромот во Скопје во 06:30часот. Полетување за Истанбул во 08:40 часот, слетување во 11:15 часот (локално време). Летот за Порто е во 13.05 часот, слетување во Порто во 16.00 часот (локално време). Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Вечерна прошетка низ Порто, запознавење со градот познат по своите прекрасни мостови и производство на вино. Ноќевање.

 

10 Октомври    ПОРТО

Појадок. Пешачки разглед со локален водич на вториот по големина град во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос,  Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Слободно попладне. Во вечерните часови можност за факултативна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.   

 

11 Октомври    ПОРТО – КОИМБРА – ЛИСАБОН

Појадок. Одјвување од хотел  и заминување за Лисабон со организиран трансфер. Попатна посета на Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилјасе протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости, од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290 годинаПристигнување во Лисабон. Панорамски разглед на Лисабон со локален водич, пристаниште и главен град на Португалија, сместен во западна Португалија на устието на реката Техо, тој е најзападниот главен град во континентална Европа и служи како главно пристаниште во земјата, трговски, политички и туристички центар. Својата историска важност Лисабон ја должи на природното пристаниште, едно од најубавите во светот. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

12 Октомври    ЛИСАБОН

Појадок. Ден посветен на прекрасниот Лисабон, пешачки разглед: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, симболот на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио, кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.  Слободо попладне.  Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на лавиринт со тесни калдрмести улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за  прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот, изграден за потребите на ЕXPO ’98, последната најголема светска изложба во 20ти век, а денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Ноќевање.

 

13 Октомври    ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ

Појадок. Организиран, целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Посета на Синтра, симпатичен град кој со пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Посета на палатата Пена со влезница и трансфер. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Ноќевање.

 

14 Октомври    ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром (околу 13.00 часот). Полетување за Истанбул во 16:25 часот, слетување во 23.25 часот. Полетување за Скопје во 07.25 часот, слетување во 07:50 часот на 15 Октомври.

 

За уплати до 28.09.    60.080 денари  (969 евра)
Цена на аранжманот     61.940 денари      (999 евра)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Порто / Лисабон – Истанбул – Скопје со авио компанијата Turkish Airlines
  • Чекирано парче багаж (куфер) до 20кг и рачен багаж до 8кг
  • Трансфери на релација аеродром – хотел Порто и хотел – аеродром  Лисабон
  • Трансфер на релација  Порто – Лисабон со посета на Фатима и Коимбра
  • 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел HF Fenix Porto 4* во Порто
  • 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел HF Fénix Music 3* во Лисабон
  • Организиран разглед на Порто и Лисабон со локален водич
  • Лиценциран придружник и организација на патувањето

 

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса – 1.550 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена – 90 еур
  • Факултативна вечера со традиционална фадо музика
  • Влезници во музеи и културно историски споменици
  • Карти за локален превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 20.700 денари
  • Патничко- здраствено осигурување

 

Напомена:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Трокреветни соби не се на располагање.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.