Проверете зошто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.
Малдиви е синоним за целосно уживање, идила и лежерен одмор
9 дена / 8 ноќи
27.04 (Сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ДУБАИ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 04.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград со авио компанијата Fly Dubai. Полетување за Дубаи во 14.00 и слетување во 21.10ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
28.04 (Недела) ДУБАИ
Појадок.
РАЗГЛЕД НА ДУБАИ
Ќе се запознаат најпопуларните атракции на градот како што се: Burj Khalifa, Дубаи марина, Atlantis, Burj Al Arab… За време на обиколката на градот, ќе ги видите историските знаменитости на стариот Дубаи кои се испреплетуваат со модерната архитектура на 21 век. Уживање во ориенталниот дух на Дубаи на пазарот за злато и зачини.
*Времетраење околу 5 часа.
БУРЏ КАЛИФА
Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.
*Времетраење околу 2 часа.
Ноќевање.
29.04 (Понеделник) ДУБАИ
Појадок.
MIRACLE GARDEN – Рајска градина на среде пустина, распослана на 72.000м2 со засадени 150 милиони растенија ја прави најголемата цветна градина во светот која ќе му се допадне на секој љубител на необични скулптури, популарни расадници и шарени цвеќиња. Во градината е сместен и најголемиот авион во светот, Ербас А380 од Емирати, целосно покриен со цвеќиња.
GLOBAL VILLAGE – „Глобално село“ во кое ќе најдете многу светски метрополи и земји, како и нивните најважни атракции „во минијатура“. Овде може да се пробаат различните кујни од светот и да се купат соодветни сувенири.
*Времетраење околу 6 часа.
САФАРИ – Возење по високите дини со Вечера во пустински камп и забава. Возбудливо возење по дините со искусен возач за авантура со адреналин. Возете четирицикли преку песокот и уживајте во јавањето камили. Фотостоп за најубавите фотографии од спектакуларното зајдисонце. Направете тетоважа со Хена, опуштете се со наргиле – шиша, додека гледате претстава со стомачни и дервишки танци и вечерате во незаборавен пустински камп.
*Времетраење околу 6 часа.
Ноќевање.
30.04 (Вторник) ДУБАИ – АБУ ДАБИ – ДУБАИ
–Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат.
ДУБАИ МАРИНА – Крстарење со вечера на база шведска маса. Уживајте во забавата и спектакуларниот поглед на градот.
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Дубаи до Мале полетува во 09.20 и слетува во 14.40ч. Трансфер до хотел. Сместување. Малдивите се идеална дестинација за одмор и една од најромантичните дестинации во светот. 1.190 корални острови во средината на Индискиот Океан, групирани во двоен синџир од 26 атоли, се магично место за одмор со бели песочни плажи и богат морски свет и мали острови без гужва. Вечера. Ноќевање.
02.05 /03.05 /04.05 (Четврток, Петок, Сабота) МАЛДИВИ
Појадок. Пливање, сончање и релаксација на рајските плажи под палми во тропските води, а можете да се нурнете и во фасцинантниот подводен свет полн со разни видови риби. Ручек. Вечера. Ноќевање.
05.05 (Недела) МАЛДИВИ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Мале и полетување во 12.25 часот. Пристигнување во Белград во 22.50 часот. Трансфер од Белград до Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети во Дубаи:
Напомена:
Детали за лет:
27 APR BEGDXB 14.00 21.10
01 MAY DXBMLE 09.20 14.40
05 MAY MLEDXB 12.25 15.55
05 MAY DXB 18.55 22.50
Дубаи
На македонските граѓани им е потребна виза за која ќе треба да се достават документи во Агенција. Пасошот мора да важи најмалку уште 6 месеци. Обединетите Арапски Емирати се муслиманска земја каде исламската традиција е високо ценета, па затоа туристите треба да внимаваат на нивните норми и правила на однесување. Облекувањето, особено за жените, треба да биде соодветно. Топлес е забранет. Во Емиратите, алкохолните пијалоци може да се купат само во бесцарински продавници. Забрането е и консумирање алкохолни пијалоци на јавни места. Дозволено е само во ресторани, ноќни клубови и барови кои имаат посебна дозвола. Пушењето е дозволено во сите ресторани, барови и ноќни клубови каде се служат алкохолни пијалоци. Како и во другите муслимански земји, употребата на дрога и други опијати е строго забранета.
Малдиви
За ова патување е потребен валиден пасош. Пасошот мора да важи најмалку уште 6 месеци и мора да има најмалку 1 празна страница. Имајќи предвид дека мнозинството жители на Малдиви се муслимани и дека се применува шеријатскиот закон, земјата има строги правила за консумирање алкохол. Туристите не смеат да внесуваат алкохол во земјата, ниту да го консумираат на островите населени со локално население. Кодексот на облекување треба да се почитуваат на населените острови. Мажите и жените треба да избегнуваат облека што не ги покрива колената. Жените треба да ги покриваат рамената. Паровите не треба да покажуваат нежност во јавноста пред локалното население. Нудизмот или сончањето и пливањето топлес е исто така забрането. Политиката на Малдивите за консумирање дрога е многу строга. Во ресортите можете да се облекувате како сакате, но не се препорачува да влезете во ресторан или кафе бар во костим за капење. Сите хотели и бродови за крстарење нудат алкохол на своите гости. Вакцинација не е задолжителна.