Хотел St.Ivan Rilski 4* – Банско
Хотелот St.Ivan Rilski 4* се наоѓа во најпознатиот бугарски ски-центар – Банско, на 160 км од главниот град Софија. Сместено поблиску до планините и на само 800 метри од ски-лифтот, комплексот се состои од хотел, СПА центар, еден од најголемите затворени базени во градот и 4 луксузни станбени куќи. Изграден во препознатливиот алпски архитектонски стил во комбинација со традиционални елементи. Хотелот исто така нуди 2 ресторани, вклучувајќи ја и традиционалната бугарска Механа, 2 барови и 3 конференциски сали. Сите простории во хотелскиот дел имаат кабловска телевизија, мини бар, директна телефонска линија, брз интернет, луксузна бања со када и фен, хипоалергични меки ќебиња, електронски систем за заклучување на вратите. Голем дел од собите и апартманите имаат балкони со поглед на планините. Заедничките делови на хотелот нудат бесплатен Wi-Fi интернет пристап.