Хотелот е лоциран на Копаоник на 1700 метри надморска височина и на 700 метри од ски центарот Копаоник. Најблиската жичара од хотелот е Мало Језеро на 450 метри, на 650 метри е ски лифтот Крст, а на 12 минутно пешачење од експрес ски-лифтот Панчиќ. Поседува сопствен паркинг, ресторан (работи на база полупансион), бар, лоби, како и бесплатна Wi-Fi Интернет конекција.
Опис на сместувачки единици:
Двокреветна соба – два единечни кревета, купатило со туш
Трокреветна соба – три единечни кревета или француски кревет и еден единечен кревет, купатило со туш
Четвокреветна соба – два француски кревета, купатило со туш
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 3 НОЌЕВАЊА НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ!
ХОТЕЛ ОЛГА ДЕДИЈЕР – КОПАОНИК ЦЕНОВНИК ЗА ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2021 |
|
---|---|
Термини: | Цена по лице: |
21.01-24.01.2021 | 129еур |
28.01-31.01.2021 | 129еур |
04.02-07.02.2021 | 139еур |
11.02-14.02.2021 | 139еур |
18.02-21.02.2021 | 129еур |
25.02-28.02.2021 | 129еур |
Во цената е вклучено:
-3 ноќевања на база полупансион.
-Автобуски превоз.
-Туристички пратител на групата.
Во цената не е вклучено:
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Check in во собите во 13:00 часот, check out до 10:00 часот.
– За трето возрасно лице во соба одобруваме 5% попуст
– Дете до 4 години доколку не користи седиште во автобус и кревет во собата, патува бесплатно
– Во случај, 1 возрасен и 1 дете од 02-12 години, детето има 20% попуст во 1/2 соба
– Во случај, 1 возрасен и 2 деца од 2 до 12 години, двете деца добиваат 40% попуст во 1/3 соба
– Во случај, деца од 2 до 12 години со 2 две возрасни особи на засебен лежај имаат попуст од 50%
– Доплата за дополнително легло 5 евра на ден
– За сингл соба се доплаќа 70% од сумата
– За сопствен превоз се одбива 15 евра по лице
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
– Се патува со лична карта преку граничниот премин Табановце, за влез во Србија не е потребен PCR тест
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка и трансакциска сметка.
– Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд
– Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање
– Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради ситуацијата со која се соочуваме, средствата ќе бидат рефундирани во целост
– За реализација на аранжманот потребно е да се пријават минимум 30 патници
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И TА ИМПАЛА ТРАВЕЛ
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ СКОПЈЕ-КОПАОНИК-СКОПЈЕ
– Цена само за превоз за возрасен е 45 евра, а за деца од 2-11,99 години е 30 евра
– Поаѓање секој четврток во 07:00 часот од Скопје (Дрводекор), 07:30 часот од Куманово ( Бензинска пумпа Макпетрол) а враќање од Копаоник во недела 14:00 часот.
– Цената за превозот важи за месец Јануари и Фебруари 2021
Височина – 1.770 м
Највисок врв – 2.017 m
Вкупна должина на патеките – 62.000 m
Вкупен капацитет на жичарите – 33.000 скијачи/час
Број на жичари, ски лифтови – 24
Број на лесни ски патеки – 21
Број на средни ски патеки – 9
Број на тешки ски патеки – 6
Максимална висинска разлика – 512 m
Најдолга ски патека – 3.500 m
Должина на ноќната ски патека – 450 m
Нордиски ски патеки – 12 km
97% покриеност со системот на вештачко оснежавање
Snow park
Три патеки по FIS стандард за слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст