+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Олга Дедијер 2*

 

 

 

5% ПОПУСТ за резервации  до 15.10.2020

Хотел Олга Дедијер 2* се наоѓа во близина на “централната туристичка зона“, на 1700 m надморска височина, на магистралниот пат кој води од Јошаничка Бања кон Копаоник. Од центарот е оддалечен околу 600m a од најблиската жичара (Malo jezero) околу 450m. Поседува сопствен паркинг со ограничен капацитет без доплата, но не е можно да се резервира однапред. Хотелот не е луксузен, но е пријатно уреден и со љубезниот персонал, гарантира дека вашиот ќе го поминете квалитетно. Услуга полупансион (појадок и вечера) се служи на шведска маса. 

Опис на сместувачки единици:

Двокреветна соба – два единечни кревета, купатило со туш

Трокреветна соба – три единечни кревета или француски кревет и еден единечен кревет, купатило со туш

Четвокреветна соба – два француски кревета, купатило со туш

 
 

 

ЦЕНОВНИК ПАКЕТИ 7 ПОЛУПАНСИОНИ СО ВКАЛКУЛИРАН ПОПУСТ

 

РЕДОВЕН ЦЕНОВНИК ПАКЕТИ 7 ПОЛУПАНСИОНИ 

 

 

Цената на пакетот вклучува:

– 7 полупансиони (појадок и вечера)

– претставник од страна на организаторот за време на патувањето и цело време на престојот

 

Цената на пакетот не вклучува:

– такса за престој возрасни 120 дин по лице на ден, деца од 7-15 год 60 дин на ден, деца до 7 год не плаќаат, хотелско осигурување 20 дин по лице на ден, плаќаат сите

– Цена за превоз Скопје – Копаоник – Скопје за дете од 2 – 12 год. 45 е

– Цена за превоз Скопје – Копаоник – Скопје за возрасен 60 е

– индивидуални трошоци

– се друго неспомнато

 

МАПА НА СКИЈАЛИШТЕТО                                           

– 55 km ски патеки уредени за алпско скијање

– 18 km ски патеки за нордиско скијање

–  ноќна ски патека Мало Језеро

ПРОГРАМА  НА ПАТУВАЊЕ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ

Автобус / 7 ноќевања

Прв ден (03. или 10. јануари)  – СКОПЈЕ – КОПАОНИК

Скопје – состанок на групата во 05:50 ч. Планирано време за поаѓање во 06:00 ч. Тргнување од Куманово ( бензинска пумпа Макпетрол) во 06:20ч. Патување преку граничниот премин Табановце, со застанување заради гранични формалности. Патувањето продолжува по новиот автопат. Попатна пауза во траење од околу 1 час, за појадок, кафе и сл. Пристигнувањето на Копаоник предвидено околу 14:00 ч. Сместување. Почеток на користење на услугите и уживање.

Втор до седми ден (03 – 10.01 или 10 – 17.01.) КОПАОНИК

Уживање во убавините на Копаоник. Скијање, прошетки на чист, планински воздух, пиење на кафе или чај, можеби блага ракија или варено вино во некоја од сончевите тераси, посета и релаксација во СПА центрите – секој по свој вкус.

Осми ден (10. јануари или 17. јануари) КОПАОНИК – СКОПЈЕ

По појадокот напуштање на собите до 10:00 ч. Оставање на багажот во простории предвидени за тоа или на рецепција. Слободно време до поаѓање за Скопје. Предвидено време за поаѓање околу 15:00 часот. Попатна пауза од околу 1 час за закуска или кафе. Планирано пристигнување во Скопје околу 23:00 ч.

*Карактеристики на ски центар Копаоник:

Височина – 1.770 м

Највисок врв – 2.017 m

Вкупна должина на патеките – 62.000 m

Вкупен капацитет на жичарите – 33.000 скијачи/час

Број на жичари, ски лифтови – 24

Број на лесни ски патеки – 21

Број на средни ски патеки – 9

Број на тешки ски патеки – 6

Максимална висинска разлика – 512 m

Најдолга ски патека – 3.500 m

Должина на ноќната ски патека – 450 m

Нордиски ски патеки – 12 km

97% покриеност со системот на вештачко оснежавање
Snow park

Три патеки по FIS стандард за слалом, велеслалом, супер велеслалом и спуст

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

За валидна резервација со попуст потребна е уплата од минимум 50% од вкупната сума.

За валидна резервација без попуст потребна е уплата од минимум 30% од вкупата сума.

Останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.

За реализација на превозот е потребен минимум од 30 патници. Истиот се резервира со 30% уплата а доплата се врши 15 дена пред поаѓање. Во случај на недоволен број на пријавени патници, цената може да претрпи измена.

Такса за престој се плаќа со резервација.

 

Патување во Србија е возможно и со лична карта (важи само за возрасни), за децата е потребен валиден пасош.

За влез во Србија не е потребен ПЦР тест.