Венеција - Фиренца - Верона - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Венеција – Фиренца – Верона

ВЕНЕЦИЈА со ФИРЕНЦА и ВЕРОНА

Автобус/ 4 дена/ 2 ноќевања

„Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто…Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот…

26 Април (Петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот, попатно превземање на .Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

27 Април (Сабота) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на Пунта Сабиони во предпладневните часови. Превоз со брод-вапорето до Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

28 Април (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

29 Април (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА – СКОПЈЕ

Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот outlet шопинг центар Палманова. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра (9.240 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
  • Разглед на градовите според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Карта за локален превоз – брод Пунта Сабионе – Венеција 25 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Факултативна посета на Верона 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за 1/1 соба ____ мкд.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел .
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел го задржува правотово случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.