Салзбург - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Салзбург

САЛЗБУРГ - МИНХЕН - ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА

25 - 04.30.04.2019 6 дена / 3 ноќевања

Салцбург – родниот град на на најголемиот светски композитор – Волфганг Амадеус  Моцарт (1756-1791), четврт најголем град во Австрија со 145.000 жители, кој се наоѓа под северниот дел на Алпите и на реката Салцах .Градот со својата ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.
Минхен – еден од најубавите градови во Германија, градот познат по фестивалот на пивото „Октоберфест“ и по фудбалскиот клуб – Бајерн и преубавиот стадион „Алианц арена“ е град и со бројни историски споменици, кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах (1180-1918). Трет најголем град во Германија со 1.400.000 жители, низ кој поминува реката Исар.
Дворци во Баварија – Баварски крал, Лудвиг II (1864-1886)  за краток  временски период наредил да се изградат дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење, кое ја довело државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен.  Овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион  туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

ПРОГРАМА

1 ден, (25.04.2019 – четврток),  МАКЕДОНИЈА – САЛЗБУРГ

Тргнување од Скопје во 13 .00 часот од пред хотел „Вип“ и попатно превземање на патниците од Куманово во 13:30 часот. Патуваме преку Табановце и дневно и ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден, (26.04.2019 – петок),  САЛЗБУРГ

Пристигање во Салзбург (1.240 км) во утринските часови. Факултативен разглед на градот со локален водич. Низ оваа пешачка тура ќе ги видете: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, Гетреидегас, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, Глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстарата кафана во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден, (27.04.2019 – сабота),  САЛЗБУРГ – ХЕРЕНКИМЗЕ – МИНХЕН

Појадок во хотел. Напуштање на хотел и заминување за Минхен (145 км). Попатна посета на на најголемото баварско езеро, Ким. Возење со брод до т.н. “машкиот остров” – Херенкимзе, последнатата изградена палата од страна на Лудвиг II и во која живеал само 10 дена. Палатата и истоимениот дворец на овој остров, се градени по модел на францускиот дворец, Версај. Палатата има сала на огледала во должина од 98 метри, сали посветени на војната и мирот,… После посетата на палатата и музејот на Лудвиг II, се продолжува патувањето кон Минхен. Пристигнување во Минхен во попладневните часови. Факултативен разглед на градот со локален водич: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Сместување во хотел. Вечерта предлагаме факултатива за организација празнична свечена вечера со музика во минхенска пивница, уредена во баварски национален стил. Ноќевање.

4 ден, 28.04.2019 – недела),  МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок во хотел.  После појадокот, посета на живописното гратче – Оберамергау (95 км), кој има само 5.000 жители и светски е познат по традиционалната манифестација „Христовото страдање на пат на Голготата“,  прв пат изведена во 1634 година, на која се посветени околу 2.000 луѓе од ова место за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, „Линдерхоф“ (изграден во време на Максимилијан II, а во времето на Лудвиг II преуредено во рококо стил, искажувајќи ја максимално својата екстравагантност, а своите соби ги позлатил не штедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец „Ноешванштајн“, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој Волт Дизни го има земено како мотив за препознатливите шпици за своите бројни цртани филмови. Враќање вечерта во хотелот во Минхен. Ноќевање.

5 ден, (29.04.2019 – понеделник),  МИНХЕН – МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел. После појадокот, одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални прошетки низ Минхен. Во пладневните часови заминување за Скопје (1.370 км).

6 ден, (30.04.2019 – Понеделник),  МАКЕДОНИЈА

Пристигање во Maкедонија во пладневните часови и оставање на патниците во Скопје, Велес, Штип, Радовиш и Струмица.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 20.03.2019 – 215 € (13.330 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 225 € (13.950 ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО

  • Превоз со модерен туристички автобус;
  • Сместување во хотел во Салзбург на база 1ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел во Минхен на база 2 ноќевања со појадок;
  • Разглед на Салзбург и Минхен со претставник од агенцијата
  • Организиран разглед со водич на дворците: Нимфенбург, Линдерхоф и Ноешваштајн и градот Оберамергау;
  • Професионален туристички водич од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на програмата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Влезница за дворците (карти и трошоци за резервација за 3-те дворци на Лудвиг II) и брод на релација Приен- Херенкизме – Приен– 50€ (задолжителна доплата);
  • Патничко осигурување.

Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници.