Кападокија - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Кападокија

ВЕЛИГДЕН ВО КАПАДОКИЈА

АНКАРА-КАПАДОКИЈА-БУРСА-ИСТАНБУЛ (25.04.2019 – 29.04.2019)

Доживејте ја магијата на Турција на патувањето кое нема никогаш да го заборавите…Во Земјата на самовилите…на убавите коњи… со најубавите пејзажи на светот кои потсетуваат на површината на месецот…Во Земјата  која  е лулка на христијанството…

Ако ја сакате Турција, тогаш Кападокија ќе ја обожавате…

Прв ден: 24.04.2019 (среда) 

14.00 часот. Заминување на групата од Скопје и од Кавадарци во 16.00 часот ( пред туристичките агенции) кон Турција. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 25.04.2019 (четврток) 

Пристигнување во Анкара во претпладневните часови. Разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција. Потоа сместување во хотел 4**** . Слободно време за одмор од патувањет и за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 26.04.2019 (петок) 

Појадок. Заминување на групата кон Кападокија – област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Областа Кападокија е спомената уште во Библијата. Раните христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми – чуда на природата. Попатна посета на второто по големина солено езеро во Турција-Туз Ѓоли, Долината на Камилата и посета на работилница за изработка на грнчарски производи. Пристигнување во Кападокија. Во попладневните часови сместување во хотел 4**** Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 27.04.2019 (сабота) 

Појадок. Целодневна екскурзија низ Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област  пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите , а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики.  Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде , магични кули недопрени од човечка рака…сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско…Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески… Враќање во хотел. Вечера. Денот завршува со кападокиска вечер во автентичен ресторан каде можете да уживате во домашниот  фолклор и стомачните танци на преубавите девојки ( факултативно). Ноќевање.

Петти ден: 28.04.2019 (недела) 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Бурса. Попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле  во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории…Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители.Во вечерните часови пристигнување во Бурса, старата престолнина на Отоманската Империја. Сместување во хотел 4****. Ноќевање.

Шести ден: 29.04.2019 (понеделник) 

Појадок. Разгледување на Бурса со локален туристички водич: Големата Џамија „Улу Џами“, Плоштадот со прекрасен поглед на Бурса каде се наоѓаат гробниците на основачот на Османската Империја Осман Бег и на вториот султан Орхан Бег. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Околу пладне заминување кон Македонија со попатно панорамско разгледување на Истанбул.  Пристигнување на групата во Македонија (ноќно возење преку Република Грција) во вторник на 30. април во раните утрински часови.

Промотивна цена за уплата до 01.04.2019: 249 евра (15.430 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259 евра (16.050 денари)

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 01. март и целосна доплата до 01. април

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги: 

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Еден полупансион( појадок и вечера)  во хотел  „Asrin Business Hotel“ 4****  во Анкара

  • Два полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  „Buyuk Avanos Hotel“ 4**** во Аванос-Невшихир

  • Едно  ноќевање со појадок во „Kirci“4**** во Бурса

  • Локален туристички водич во Анкара, Кападокија и Бурса 
  • Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара – 7 евра
  • Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија – 8  евра 
  • Посета на Тврдината Учхисар – 2 евра
  • Посета на подземниот град  Деринкују– 8 евра
  • Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -30 евра
  • Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија (планирано е да се реализира во петок, на 26.04.2019 во раните утрински часови)- 150 евра
  • Патничко  осигурување

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници