Венеција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Венеција

ВЕНЕЦИЈА со ФИРЕНЦА и ВЕРОНА

 

Автобус/ 4 дена/ 2 ноќевања

16 април (четврток)                        СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 12:00 часот. Поаѓање за Венеција во 12.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

17 април (петок)                 ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на пристаниште во Пунта Сабиони, заминување со брод за Венеција. Разглед на градот: плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време заминување за Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

18 април (сабота)                               ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

19 април (недела)             ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Слободно време за прошетка и можност да се вкуси парче пица и прочуеното италијанско капучино. Во попладневните  часови тргнување за Македонија. Ноќно возење.

20 април ( понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

Цена во претпродажба до 15.02.2020:

129 евра (8.000 денари)

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

149 евра (9.240 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз и разглед на Венеција со карта за локален превоз – брод Пунта Сабионе 20 евра
  • Факултативна посета на Фиренца 45 евра
  • Факултативна посета на Верона 10 евра ( задолжителна доплата)
  • Туристичка такса 2-3 евра на ден
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за 1/1 соба 2.170 мкд.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Факултативните излети се уплаќаат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !
  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел
  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аранжманот се доплаќа 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел го задржува правото  во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.           

 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето