Будва - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будва

БУДВА – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ

за ВЕЛИГДЕН 

(16.04.2020 – 19.04.2020)

 

1 ден: 16.04.2020 год. Четврток

Состанок на групата во 22:30 часот на Дрво Декор, тргнување во 23 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден: 17.04.2020 год. Петок

Утринско пристигнување во најлуксузното летувалиште на Јадранот, (можност за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Малку релаксација на оваа плажа. Сместување во вила Монте Рио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.

Можност за попладневна факултативна екскурзија со бродче.

Вечерта препорачуваме посета на некој од ноќните клубови.

Ноќевање.

 

3 ден: 18.04.2020 год. Сабота

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Game of Thrones“. Денес е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Овој град плени со својата убавина и шарм, вреди да се посети. Враќање во Будва.

Вечерта можност за посета на некоја од православните цркви во Будва и следење на церемонијата за Велигден.

Ноќевање.

 

4 ден: 19.04.2020 год. Недела

Појадок. Одјавување и заминување кон Манастирот Св. Василие Острошки сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА 75€ (4.650мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевање со појадок во Вила Рио, Будва
  • Oрганизација и придружник на патувањето
  • Посета на Острошкиот манастир
  • Попатна посета на Св.Стефан

Во цената на аранжманот Будва не е вклучено:

  • Факултативна посета на Дубровник 15€ (доплата на лице место)
  • Факултативно возење со бродче10€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Будва 1,5 € по лице на ден
  • Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – 3€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Манастир Осторг 1€
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.