Париз - 5 Ноќи - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Париз – 5 Ноќи

Велигден во Париз

ПАРИЗ 6 ДЕНА / 5 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Распослан на брегот на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворците Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден –26.04.2019 (Петок)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.30 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05.45 од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион.Слетување во Париз во 11:05. Организиран превоз до хотел.Багажот се остава на рецепција. Слободно време за ручек во квартот La Defence (10 мин пеш.) со пратител на група.После 14.00 часот сместување во хотел.Слободно време за одмор.Во 18.00 ч.организирана посета на Музејот Лувр со метро (факултативно).Заедничка (факултативна) организирана вечера на Елисејските Полиња.Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден –27.04.2019 ( Сабота)

Појадок. Во 08.00 часот организирана(факултативна) посета на Версај со автобус и водич.Посета на палатата , слободно време за посета на градините.Вракање во Париз vo 12.30 ч.Автобусот не остава на Латински кварт.Слободно време за ручек.Организирана посета на Богородична црква .Враќање во хотел.Во вечерните часови организиран (факултативен) разглед на Париз со брод.Прошетка по Елисејските Полиња,организирана(факултативно) заедничка вечера во национален ресторант.Враќање во хотел.Ноќевање.

3 ден –28.04.2019 ( Недела)

Појадок. Пешачки тура со метро -разглед на Париз со пратител на група Елисејските полиња,Триумфална капија ,Плоштадот Конкорд,Црквата Мадлена,ПлоштадотВандом,Операта Гарние,Галеријата Лафајет(со влез),Музејот Фрагонар. Слободно време за ручек. Враќање во хотел.Во попладневните часови организирана посета со метро: Мон Мартр , црквата Свето Срце ,улицата Пигал и Мулен Руж (однадвор).Заедничка вечера(факултативна) во ресторан.Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден –29.04.2019 (Понеделник)

Појадок. Во 08.30 ч организирана целодневна посета со автобус на забавниот парк завозрасни и деца –Дизниленд.За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена , плоштадите , парковите. Ноќевање.

5 ден –30.04.2019 ( Вторник)

Појадок..Факултативни посети со пратител на група со влезво :музејот Орсеј,Операта Гарние,музејот Фрагонар.Слободно време за ручек. Враќање во хотел.Во вечерните часови факултативна посета на Ајфелова кула и плоштадот Трокадеро.Слободно време за вечера .Организирана (факултативна посета)на кабарето Мулен Руж . За останатите организиран посета на Мон Мартр ноќе.Враќање во хотел .Ноќевање.

6 ден – 01.05.2019 ( Среда)

Појадок.Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета и прошетка по паркотТујлери,Лувр,улицата Риволи,Центарот Помпиду.Слободно време за ручек .Организиран превоз до аеродром од хотелот во 15:30 часот. Полетување за Загреб во 18.30 часот, слетување во 20:20..Полетување за Скопје во 22:10 ,слетување во 23:25 часот во Скопје.

Цена 485 € (29.970 мкд)

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје
  • 5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence
  • Вклучена туристичка такса во хотел
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани пешачки разгледи на Париз со метро
  • Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
  • Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Аеродромски такси 139 еур/ 8.590 мкд ,со вклучен чекиран багаж 23 кг , пијалок и оброк во авион
  • Превозотсо метро и автобус во Париз (цена околу 14 еур карнет за 10 возења)
  • Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-риот спрат 16.30еур)
  • Посета на Лувр 45 еур влезница+водич(со метро)за лица до 18 год. -25 еур
  • Посета на Версај – 65 еур влезница+водич ,за лицадо 18 год. 40 еур(се патува со автобус од хотел )не е вклучена влезница за парковите и чини околу 9 еур
  • Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро)
  • Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница за секој објект
  • Посета на Мулен Руж со представа (цена од 100 еур со пијалок ½ шампањ и место за седење) •Посета на Дизниленд 110 еур ,дете до 11 години 90 Еур (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
  • Вечера или ручек во ресторан од 15 еур без пијалок
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.

За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 25 патници

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62.00 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Импала Травел и СКТМ