Барселона - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Барселона

Барселона

(сигурна реализација)

18.04.2020 – 21.04.2020

4 Дена – 3 ноќевања / Авион

18 Aприл                              СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 04:45 часот. Полетување за Барселона во 06:35 часот. Пристигнување во Барселона во 09:25 часот. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографиранје и пазарање од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Трансфер до хотел. Сместување. Попладнето можност за факултативна посета на Аквариумот (со јавен превоз) – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Враќање во хотел (со јавен превоз).  Ноќевање.

19 Април                             БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас + Герона)

Појадок. Факултативна посета на Фигерас со Герона поаѓање од хотел во 09.30 часот  – целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar…. Ноќевање.

 20 Април                             БАРСЕЛОНА   (факултатива: Шпанско село + Гуел)

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна посета на Фламенко шоу. Ноќевање.

21 Април                               БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродром во 07:30 часот. Полетување за Скопје во 10:00 часот. Пристигнување во Скопје во 12:45 часот.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 15.02.2020:

389€  (24.120 мкд)

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

439€   (27.220 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона
  • Сместување во Хотел HOLIDAY INN EXPRESS CITY 22, 3* во ЦЕНТАР НА Барселона на база 3 ноќевања со појадок ЛИНК ОД ХОТЕЛОТ
  • Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.720 мкд
  • Кабинска торба 10 кг Wizz priority (димензии 50х40х23см) 2.100 мкд, *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Багаж за чекирање ( 1 куфер до 10кг) –  3.400 мкд * (цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Багаж за чекирање (1 куфер до 20кг) – 4.700 мкд* (цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Доплата за еднокреветна соба 6820 денари.
  • Туристичка такса (околу 1€ по лице, на ден) – се плаќа во хотелот на рецепција.

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Аквариум 20 евра
  • Посета на Парк Гуел, Шпанско село 55 евра (превоз и влезници) – задолжително пријавување во агенција !
  • Посета на Фигерас и Герона 65 евра – ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
  • Фламeнко шоу со пијалок 40 евра
  • Влезницa за Камп Ноу 28 евра – САМО БИЛЕТ
  • Билети за јавен превоз со метро

 НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!