+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Златибор 🚌

Велигден во ЗЛАТИБОР

(Со посета на Сирогојно, Дрвенград, Ел Пасо, Врњачка Бања)

 

Прв ден: 29.04.2021 (четврток)

Состанок на групата во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Втор ден: 30.04.2021 (петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс  Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор со посета на некоја од православните цркви за Велики Петок. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 01.05.2021 (сабота)

Појадок. Факултативно, заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и за познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Можност за посета на црквата ,, Св. Преображение Господово” и присуство на полноќна Литургија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

Четврти ден: 02.05.2021 (недела)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20км од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Можност за заеднички празничен Велигденски ручек. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 03.05.2021 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 8.990 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Апартмански Комплекс Вила Јелена
  • Посета на Врњачка Бања
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
  • Организиран бесплатен превоз од Кавадарци, Неготино и Велес

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари (околу 80 денари)
  • Посета на Дрвенград (вклучена влезница), Шарганска осмица и Изворот Бела Вода со локален туристички водич – 5 евра
  • Посета на каубојскиот град Ел Пасо со локален туристички водич, вклучена влезница – 5 евра
  • Свечен Велигденски ручек – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Организиран трансфер од Битола и Прилеп до Скопје. Цена 10 евра по лице за повратен трансфер.

 

   Напомени:

  • За реализација на аранжманот со вклучен превоз потребен е минимум од 30 патници
  • ТА Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.  
  • За аранжман со сопствен превоз цената се намалува за 1.240 денари