+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Војводина 🚌

ПРАЗНИЧНО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЈВОДИНА
ЕЗЕРО ПАЛИЌ-ВИНАРИЈА ЗВОНКО БОГДАН-СУБОТИЦА-ЕРГЕЛА КЕЛЕБИЈА-НОВИ САД

 

(30.04.2021 – 03.05.2021)

(Според легендата која жителите со драго срце ќе Ви ја раскажат, езерото Палиќ се формирало од солзите на овчарот кој го изгубил своето стадо, па затоа водата во езерото е солена. Според друга приказна, езерото е остаток од Панонското Море кое во дамнешни времиња постоело на овие простори. Да, тоа исто Панонско Море за кое Балашевиќ ја испеал Панонскиот морнар…)

Прв ден: 30.04.2021 (петок)

23:00 часот  заминување на групата од Скопје, 23:30 часот тргнување од Куманово ( бензинска пумпа Макпетрол) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 01.05.2021 (сабота)

Пристигнување во претпладневните часови на најголемото природно езеро во Србија, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината со локален туристички водич: Разглед на малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш, плажата… Потоа сместување во хотел „Garni hotel Park-Depandans Jezero“ 4**** (https://www.elittepalic.rs/homepage), кој се наоѓа на извонредна локација, на само 50 метри од езерскиот брег. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во попладневните часови заминуваме кон зеленото море на лозовите плантажи на  винаријата „Zvonko Bogdan“ (https://www.vinarijazvonkobogdan.com). Организирана обиколка на винаријата каде ќе имате можност да уживате во преубавиот амбиент и во  дегустација на три различни вина кои го носат печатот на лозовите насади на Палиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 02.05.2021 (недела)

Појадок. Заминуваме кон Суботица, градот кој извесно време бил под Австро-унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција  и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во бароктен стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата Палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Организиран разглед на градот со локален туристички водич и слободно време за индивидуални прошетки. Потоа продолжуваме кон најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија, која се наоѓа на самата граница меѓу Србија и Унгарија (http://www.ergelakelebija.rs/). .  Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари уредени тревници, со неколку објекти во панонски стил и со вештачко езеро… денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во бивша Југославија.  Организиран разглед на ергелата и на музејот каде се наоѓа колекција од  повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Потоа следува неверојатно доживување-возење со фијакерите низ преубаво уредениот парк и боровата шума, а сите љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Организиран ручек во гостилницата на ергелата. Во вечерните часови враќање  во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 03.05.2021 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминуваме кон Нови Сад. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на  Нови  Сад.  Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Дунавскиот парк, Дунавската улица, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната Црква… Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 04. Мај во раните утрински часови.

Промотивна цена за уплата до 01.04.2021….139 евра (8.620 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………149 евра (9.240 денари)
(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 01. Април

и целосна доплата до 15. Април

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Garni hotel Park-Depandans Jezero“ 4**** на Палиќ
  • Посета на винаријата „Zvonko Bogdan“ со дегустација на три вина
  • Посета на Eргелата за коњи липицанери „Kelebija“ со вклучена влезница за ергелата и музејот, возење со кочии, јавање на коњи и ручек
  • Организиран разглед на Езерото Палиќ, Суботица и Нови Сад
  • Локален туристички водич за време на сите разгледи
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко осигурување

 

 

Услови за деца : До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот

 

НАПОМЕНА:

Напомена: За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

 

Последен рок за пријавување: 20. Април 2021 година