+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Валона 🚌

Велигден во Валона

Hotel Regina Blue 5 * – Radhime, Vlore

Период на престој – 30 Април до 3 Мај 

 

ПОЛОЖБА:
Хотелот Регина Блу се наоѓа во живописното село Радхиме, Албанија. Со прекрасното јонско море пред хотелот и прекрасните планини и пејзажи во околината, локацијата е една од најдобрите адути.

СМЕСТУВАЊЕ:
Хотелот Регина нуди вкупно 60 соби од кои 29 двокреветни, 28 трокреветни и 3 апартмани. Сите имаат сопствена бања, со туш, климатизација, фрижидер, греење и ТВ и се модерно опремени, за сечиј вкус, по наша проценка најдобрите соби во овој регион.

УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на BB услуга (вклучен појадок), услуга HB (вклучен појадок и вечера), FB услуга (вклучен појадок, ручек, вечера). Пијалоците не се вклучени во понудата.

СОДРЖИНА:
Бар и ресторан во хотел, појадок, бесплатен паркинг, приватна плажа, услуга во соба, климатизирани соби, превоз од аеродром, семејни соби, изнајмување автомобили, менувачница. Има сопствен прекрасен базен, модерен!

ПЛАЖА:
Хотел Регина Блу 5* има своја прекрасна песочна приватна плажа долж заливот Валона, на само неколку метри оддалеченост.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Пешачење по прекрасните планини и ридови, сите видови на спортови на вода, екскурзии до Валона и локалните села, обиколки во историски и културни места, вечери во локални ресторани, многу активности и опрема за уживање во морето, и секогаш супериорна услуга од обучен и пријателски персонал. Исто така базенот Ви нуди многу можности за релаксација и забава.

 

Цена на аранжманот: 9860 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол) 
  • Три ноќевања на база ноќевање со појадок и вечера
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса 1 евро по лице на ден.
  • Бродска тура до полуостров Карабун и остров Сазан – 12 евра по лице со вклучен ручек

*Дополнителна услуга: Организирана жива музика во хотелот во сабота

Напомени:

 

  • За реализација на аранжманот со вклучен превоз потребен е минимум од 10 патници
  • ТА Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.