+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Ксамил 🚌

1 – ви Мај во Ксамил

 

Kсамил е една од најпосетуваните летни дестинации во 2020 година на балканот. Секое ново патување прави рефреш на вашиот мозок. Ви препорачуваме да побегнете на кратко од секојдневните обврски и секојдневните случувања. За 1-ви Мај заедно со нас на море во Ксамил (Албанија). Ксамил е туристичко место во Албанија кое покрај да го посетите за викенд го препорачуваме и за летен одмор. Тиркизот на морето ќе во воодушеви и сигурни сме дека ќе се одморите за викенд. Она што препорачуваме ние е следно:

Термин: 29.04.2021 – 03.05.2021
Цена: 89 евра по лице
Промо цена до: 31.03.2021 –  79 eвра по лице

 

ПРВ ДЕН  29.04.2021
Состанок на група на паркингот кај хотел Вип во 23:30ч.Се оди преку граничниот премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи преку Албанија. За време на патувањето предвидени се две до три паузи. 

ВТОР ДЕН 30.04.2021
Пристигнување во Ксамил. Влезот во собите е после 14:00ч. Слободен ден за индивидуални активности.

ТРЕТ ДЕН 01.05.2021
Слободен ден за индивидуални активности или пак наша препорака е да го истражите Ксамил и соседните плажи во близина на Ксамил. Доколку дозволи времето препорачуваме и капење.Исто така препорачуваме да прошетате и истражите што е можно повеќе, можеби токму ова место ќе ви биде на листата за вашиот иден летен одмор. Од другата страна се наоѓа островот Крф па можете да уживате во погледот и вегетацијата што ја нуди овој остров.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.05.2021
Во Ксамил има локални автобуси кои ги има на секој час што одат до Саранда. Саранда е познато туристичко место во Албанија кое е одалечено половина час од Ксамил и можете денот да го поминете таму. Станува збор за голем град па наша препорака за овој ден е посета на Саранда.

ПЕТТИ ДЕН 03.05.2021

Во 12:00ч се напуштат апартаминитеи половина час подоцна поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје околу 21-22:00ч.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз
  • 3 ноќевања во приватни апартмани во Ксамил
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Oрганизиран превоз од:Скопје, Велес, Kaвадарци (Дреново), Прилеп, Битола и Струга.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 1 евро од ден од лице или 3 евра за целиот престој од лице ( Се плаќа задолжително во автобус)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 30е за 3 ноќевања

Важно:

  • Ова патување може да се реализира со лична карта или пасош
  • Официјална валута е „лек “ но можeте да платите во евра.
  • За ова патување важат општите услови за патување на Импала Травел.