+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул со Принцески острови 🚌

Истанбул со Принцеските Острови

 

Автобус 5 дена / 3 ноќевања

 

29 Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот.  Тргнување од Куманово во 17:00 часот ( бензинска пумпа Макпетрол). Се патува преку Р. Бугарија со попатни паузи. Ноќно возење.

30 Април (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. Факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Факултативно, посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативно посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, можност да се вкуси свежа риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

01 Мај (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем…Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Предлагаме, факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомеѓу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Во вечерните часови заминување во Вселенската Патријаршија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

02 Мај (Недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,HeybeliadaBurgazaa…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица… Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан (доколку дозволуваат моменталните протоколи и мерки), за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

03 Мај (Понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка низ плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Потоа, факултативно-посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со факултативна посета на Pierre Loti видиковец посветен на францускиот морепловец и писател. Тоа е најубавото место што зборува за Истанбул, а постои само еден одговор: Pierre Loti! На самото брдо има и кафуле со најубавиот поглед на бисерот на Истанбул-Златен Рог. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р. Бугарија, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Цена за рана уплата до 25 Март: 6.140 денари (99 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 7.380 денари (119 евра)
 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

· Превоз со модерен туристички автобус

· Сместување во хотел со 3*** на база 3 ноќевања со појадок

· Посета на Аја Софија

· Посета на Сина Џамија

· Посета на трговскиот центар Форум

· Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

. Панорамски разглед на Истанбул 10 евра

· Крстарење со брод по Босфор 20 евра

· Панорамски разглед на Истанбул 10 евра

· Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра

· Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра

· Влезница за Топ Капи 20 евра

· Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра

· Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30 евра

· Посета на Принцес Острови 15 евра

· Вечера во национален ресторан 30 евра (доколку дозволуваат моменталните протоколи и мерки)

· Кула Галата 15 евра

· Посета на Минијатурк 10 евра

· Посета на Пјер Лот и 5 евра

· Доплата за 1/1 соба 2.400 денари

· Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Општи напомени за патување:

Т.А.Импала Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!