+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Херцег Нови 🚌

ВЕЛИГДЕНСКИ И ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Со крстарење по Бокакоторскиот Залив

 

ИГАЛО-ХЕРЦЕГ НОВИ-ГОСПА ОД ШКРПЕЉА-КОТОР-ПЕРАСТ

 (29.04.2021 – 03.05.2021)

 

Прв ден: 29.04.2021 (четврток)

Заминување на групата во 23:00 часот од Скопје кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 30.04.2021 (петок)

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Сместување во хотел „ACD Wellness&Spa“ 4**** (http://acd.co.me /во Мељине, едно од осумте туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден: 01.05.2021 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон Херцег Нови на организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Слободно време за индивидуални прошетки покрај шеталиштето кое ги поврзува Мељине и Херцег Нови. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 02.05.2021 (недела)

Појадок. Со локален туристички водич заминуваме на целодневно крстарење со брод по заливот на Бока Которска . Пловидбата ја започнуваме со разглед на малото камено островче Госпа од Шкрпеља. Легендата вели дека на 22 јули 1452 година морнарите пронашле на една карпа во средината на морето икона на Богородица со дете во рацете и од тој ден останала традицијата морепловците по враќањето од успешната пловидба да оставаат камења покрај брегот, па така се создал овој вештачки остров. На островот се наоѓа црква која содржи голем број уметнички дела како и икона на Госпа од Шкрпеља, но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. По разгледот на црквата се враќаме повторно на брод и се упатуваме кон Которградот кој е стар повеќе од 2000 години и се наоѓа на листата на светските културни богатства токму заради урбаната архитектура, културното наследство и прекрасниот природен амбиент. Организиран разглед на градот, а потоа слободно време за прошетки низ градските плоштади и улици кои се користат како отворени сцени за изведба на многу традиционални манифестации и приредби. Од таму се упатуваме кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Во центарот на градот се наоѓа плоштадот на кој доминира црквата Свети Никола со својата импресивна камбанарија висока 55 метри. По враќањето на бродот следува организиран ручек, а потоа ја продолжуваме пловидбата назад кон Мељине. Пристигнување во хотелот во доцните попладневни часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Петти ден: 03.05.2021 (понеделник)

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Околу пладне одјавување од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 04. Мај во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел „ACD Wellness&Spa“ 4**** во Мељине
  • Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич
  • Целодневно крстарење со брод по Бокакоторскиот Залив со локален туристички водич со вклучен разглед на островот Госпа од Шкрпеља, Котор и Пераст
  • Ручек на бродот
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Туристичка такса – 1.5 евра по лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 15 евра на ден
  • Патничко осигурување

 

 

 

Услови за деца : До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот

 

НАПОМЕНА:

За влез во Црна Гора  не е потребен PCR тест

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 20. Април 2021 година