2 ДЕН 30.04 – Доручек. Претпладне слободно време. Попладневна градска тура Чешме (полудневна тура). Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори. Турата вклучува посета на замокот на Чешме, таканаречена Џеновската тврдина, една од најважните историски и културни вредности на областа, која била изградена од отоманскиот султан Бајазит Втори во 1508 година, посета на музејот на Чешме (Erythrai museum) со вклучена влезница. Античкиот град Еритраи бил важен град на брегот на Егејското Море. Остатоците од вилите и ѕидовите на населбите од римската ера сè уште се видливи. Продолжуваме кон посета на чаршијата Чешме. Вечера – опционо во чаршијата на Чешме. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ДЕН 01.05 – Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија ЕФЕС И КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА (СО ДОПЛАТА ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА). Посета на античкиот град Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја. Овој град порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Посета на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на куќата на Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука кај Ѕидов на желбите ќе имате можност да ги напишете вашите желби за љубов, здравје и среќа. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален Турски ресторан (опционо индивидуално). Попатна посета на градот Селчук и прекрасното село Сиринче, каде ќе имаме можност да го вкусите познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век познато е по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ДЕН 02.05 – Појадок. Попладневна тура во волшебното недопрено градче АЛАЧАТИ или таканаречен “скриентиот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Вечера (опционо индивидуално 20 евра по лице сет мени). Враќање во хотелот во Чешме. Ноќевање.
5 ДЕН 03.05 – Појадок. По појадокот факултативна турнеја во Памукале (СО ДОПЛАТА ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА). Ручек во локален ресторан. Посетете го античкиот град Хиераполис, чии урнатини се претежно од римската ера, заедно со прекрасните травертини тераси на Памукале. Оваа локација е во списокот на светско наследство на УНЕСКО како културно и природно наследство Посетете го античкиот град Лаодекија Овој хеленистички град се наоѓа на 6 км. северно од Денизли и го носи името на кралицата Лаодике. Кога ке поминете низ улиците на овој антички град, може да се доживее славата на овој град кој бил еден од најголемите градови на античката ера а во градот се наоѓала и една од седумте цркви на Книгата на Откровението (Churches of the Book of Revelation). Одиме назад до Чешме преку Кушадаси. Опционо вечера во Кушадаси (шведска маса). Враќање во хотелот во Чешме. Ноќевање.
6-7 ДЕН 04.05 – Доручек. Заминување за Измир во 10 часот. Тура низ Измир, градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови. Претпладневна тура со посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отманската саат кула. Панорамски разглед на градот со локален водич. Слободно време за шопинг и ручек. Трансфер за аеродром. Пристигнување на аеродром 3 часа пред лет (во 19.50 часот). Лет од Измир во 22.50 часот. Пристигнување во Скопје 05.04 во 07.45 часот.
За реализација на ова патување, потребен е мин. од 12 патници.
• ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА – 100 ЕВРА/ 6,200 МКД НА ПАКЕТ ЦЕНА
• ДЕТЕ ДО 8 ГОДИНИ СМЕСТЕНО НА ПОМОШЕН КРЕВЕТ ВО СОБА СО 2 ВОЗРАСНИ ЛИЦА ИМА ПОПУСТ ОД 2.500 МКД НА ЦЕЛОСНА СУМА
• ТРЕТО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ И ДЕТЕ НАД 8 ГОДИНИ СМЕСТЕНО НА ПОМОШЕН КРЕВЕТ ВО СОБА СО 2 ВОЗРАСНИ ЛИЦА ПЛАЌА ПОЛНА СУМА НА ПАКЕТ
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.