Прв ден: 21.04.2022 (Четврток)
Состанок на групата во 21:30 часот во Кавадарци, 23:00 во Скопје и 23:30 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмор.
Втор ден: 22.04.2022 (Петок)
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во хотел Централ Ин 4* ( https://centralinnzlatibor.com/ ) кој се наоѓа во строгиот центар, срцето на Златибор. Слободно време за одмор и прошетка низ Златибор со можност за посета на некоја од православните цркви за Велики Петок и индивидуална вечера. Ноќевање.
Трет ден: 23.04.2022 (Сабота)
Појадок. Факултативно, заминување на групата кон Вишеград (Босна и Херцеговина). При пристигнувањето се упатуваме кон едно од најзначајните обележја на овој град, Мостот на Дрина. Следува возење со брод по Дрина со разглед на куќата на Иво Андриќ и Белата Кула. Последната станица на бродот е Андриќград, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Кустурица кој го направил овој “град во град”, посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во пладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во вечерните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и за познатата златиборска пршута и кајмак. Можност за посета на црквата ,, Св. Преображение Господово”, која е во непосредна близина на хотелот и присуство на полноќна Литургија за Христовото Воскресение. Ноќевање.
Четврти ден: 24.04.2022 (Недела)
Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20 км. од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад. Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Враќање во Златибор со можност за заеднички празничен Велигденски ручек во ресторан во центарот на Златибор и за возење со екстра луксузната најдолга гондола во светот ‘Голд гондола’. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 25.04.2022 (Понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомени:
Услови за деца :