Порто – Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен. Лисабон – Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манастирот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Авион – 7 дена / 6 ноќевања
20 Април Скопје – Истанбул
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:30часот. Полетување за Истанбул во 20:50 часот. Слетување во Истанбул во 23:25 часот (локално време). Слободно време, летот за Порто е следниот ден во 08.15 часот.
21 Април Истанбул – Порто
Слетување во Порто во 11.05 часот (локално време). Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Во попладневнните часови можност за прошетка и запознавање на Порто. Факултативна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино.Ноќевање.
22 Април Порто
Појадок. Разглед на вториот по големина град во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Ноќевање.
23 Април Порто – Лисабон
Појадок. Одјвување од хотел и заминување за Лисабон со организиран трансфер. Попатна посета на Фатима и Коимбра. Фатима денес е важен центар на аџилак на католичките верници, името го добива по муслиманската принцеза Фатима која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана. Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја, се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290 година, во минатото имал свој сопствен суд и затвор за студенти и професори, а се наоѓал под библиотеката. Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.
24 Април Лисабон – Парк на нации
Појадок. Разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура, но го задржува и своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, симболот на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разгледот продолжува со прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот, изграден за потребите на ЕXPO ’98, последната најголема светска изложба во 20ти век, а денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Комбинација на многубројни изложбени простори, шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на лавиринт со тесни калдрмести улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.
25 Април ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. Организиран, целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање
26 Април Лисабон – Истанбул – Скопје
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 11:25 часот. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
со авио компанијата Turkish Airlines
Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:
Напомена: