Автобус 6 дена / 3 ноќевања
1 ДЕН 21.04 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА
Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 09:00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Истанбул, Анкара, Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности.
2 ДЕН 22.04 КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу. По паузата се упатуваме кон Кападокија. Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. Предвидена факултативна посета на црвената долина BUS SUNSET со прекрасниот залез на сонцето или ATV SUNSET TOUR”возење со ATV QUAD BIKES во времетраење од 2 часа, со залез на сонцето во попладневните часови. Вечера (за сите патници кои имаат извршено доплата). Ноќевањe.
3 ДЕН 23.04 КАПАДОКИЈА
Појадок. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера (За сите патници кои имаат извршено доплата во агенција), припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци и апетисани). Ноќевање.
4.ДЕН 24.04 КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30ч (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија + трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера (за сите патници кои имаат извршено доплата во агенција). Време за слободни активности. Ноќевање.
5.ДЕН 25.04 КАПАДОКИЈА-АНКАРА-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.
6.ДЕН 26.04 СКОПЈЕ.
Планирано пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНА:
ВАЖНА НАПОМЕНА: