Будва - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будва

 БУДВА

 

1 Ден 22.04.2022 Скопје – Будва

Состанок на групата во 04:30 часот и заминување за Црна Гора во 05:00 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигање во Будва и сместување во хотел  МБ 3*. Слободно време за краток одмор. Во попладневните часови организиран разглед , посета на Стариот град кој е препознатлив по доминантната Венецијанска архитектура. Слободно време за посета на големиот број ресторани во Медитерански стил. Ноќевање.

2 Ден. 23.04.2022 Манастир Острог – Цетиње – Будва

Појадок. По појадокот поаѓање на целодневен факултативен излет  до Манастирот Острог и престолнината Цетиње. По пристигнувањето во Острог посета на манастирот и манастирскиот комплекс. Заминување за Цетиње – Кралското седиште на ЦрнаГора. Разглед на градот: Палатата на крал Никола, Цетинскиот манастир, Претседателската палата. Враќање за Будва. Ноќевање.

3 Ден. 24.04.2022 Будва – Тиват – Котор

Појадок. По појадокот, можност за факултативна посета на Порто Монтенегро – една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола… Крстарење со брод по заливот Бока Которска, можност да се посетат црквата ,,Богородица на Скпрела,, и градот Пераст заштитен од (UNESCO). Вечерта посета на православната црква Св.Петка во Будва по повод Христовото Воскресение.

4 Ден. 25.04.2022 Будва – Бар – Скопје

Појадок. Поаѓање за Бар со попатно застанување на видиковец од каде се нуди прекрасен поглед на Св.Стефан и можност за фотографирање. Посета на  црквата Св. Ѓорѓи, најпознатата црква во Бар и стариот дел на градот, слободно време за индивидуални активности до поаѓањето за Македонија. Пристигнување  во Скопје во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот 5.500 мкд

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел “MB” 3*(hotelmb.co.me) во Будва
  • Посета на Бар
  • Организиран превоз од Битола, Прилеп, Кавадарци, Куманово.
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативен излет до Котор и Тиват и крстарење со брод по Бока Которска  – 25евра
  • Факултативен излет до манастирот Острог и Цетиње – 20 евра
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети
  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници