14.01.2025 (Вторник) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Загреб-Вараждин
Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска.
Попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија.
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
15.01.2025 (Среда) Вараждин – Загреб – ден за навивање
Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот. Време за одмор и слободни активности. Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
18:00ч – Холандија – Гвинеја
20:30ч – Македонија –Унгарија
По натпреварите враќање во хотелот. Ноќевање.
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб – Посета на Љубљана и шопинг
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот) – пешачка тура. Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот.
Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време.
Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време враќање во хотелот. Ноќевање.
17.01.2025 (Петок) Загреб-Вараждин – ден за навивање
Појадок. Во договорено време организрано поаѓање кон фан зоната. Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите.
18:00ч – Холандија – Македонија
20:30ч – Гвинеја – Унгарија
По завршувањето на натпреварите враќање во хотелот. Ноќевање.
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин – Крапинске Топлице
Појадок. Ден за излети или индивидуално слободни активности.
Целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни).
Ноќевање.
19.01.2025 (Недела) Загреб – Вараждин – Македонија
Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време поаѓање кон фан-зоната. Слободно време. Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
18:00ч – Македонија – Гвинеја
20:30ч – Унгарија – Холандија
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.
Категорија Хотел
Пријавување по 14;00 часот
Одјавување пред 11:00 часот
Хотелот Вараждин 3* е отворен во август 2007 година. Благодарение на добрата локација, а пред се на високото ниво на услуга, тој се разви во препознатлив. Се наоѓа недалеку од центарот на градот, во непосредна близина на железничката станица. 30 модерни и елегантно уредени соби овозможуваат атмосфера на пријатно опкружување, што е гаранција за квалитетен престој.
Бесплатен интернет пристап, клима во сите соби, паркинг места за гостите. Во уникатна атмосфера, професионалниот и пријателски персонал ќе ги исполни сите очекувања да го направи вашиот престој во нашиот хотел незаборавен.
Хотелски сорджини:
Ресторан
Финска сауна
Бесплатен интернет (wi-fi)
Кафуле – со затворен и отворен дел (дозволено е пушење)
Сервис за перење и пеглање
Сеф на рецепција
Сала за состаноци
Продавница за сувенири
Изнајмување велосипед
Паркинг
Сместување
31 модерна и елегантно уредена соба
Клима уред со индивидуална контрола
Бесплатен интернет пристап
Телефон
Сателитска телевизија
Фен
Минибар
Соби за непушачи
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Важно:
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190сm
Цена
Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот. Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава. Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент! Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот За Грција: Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-90 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 115-160 см со 180-190 см. Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.