+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Радан – Пролом Бања 2 ноќевања

Хотел Радан – Пролом Бања

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8-9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. Со желба да Ви го доближиме овој единствен дар на прородата, овозможивме секаде во хотелот да бидете во контакт со Пролом водата.

На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.

Комплексот на хотелот Радан обедини во себе сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети. Ако сакате простор за работа во мирен амбиент, за Вас обезбедивме сали за состаноци со сета потребна опрема.

ЦЕНОВНИК ВАЛИДЕН ЗА 2021 год.

ЦЕНА НА ПАКЕТОТ ПО ЛИЦЕ (пакетот се однесува на престој од 2 ноќевања)

Тип на соба

Јануари – Февруари

Март – Април

Мај

Јуни

Јули – Август

Септември

Октомври

Ноември – Декември

Двокреветна

104 €

106 €

109 €

113 €

117 €

113 €

108 €

104 €

Комфорт

113 €

115 €

118 €

122 €

126 €

122 €

116 €

113 €

Еднокреветна

130 €

132 €

136 €

139 €

143 €

139 €

134 €

130 €

Апартман

130 €

132 €

136 €

139 €

143 €

139 €

134 €

130 €

Цената вклучува:

  • Сместување на база полн пансион
  • Секојдневно користење на новиот Wellness центар
  • Отворено – затворен базен
  • Сауна
  • Солена соба
  • Џакузи базен со лековита Пролом вода
  • Парна баља
  • Топли клупи
  • Внатрешен базен
  • Користење на теретана и фитнес сала
  • Користење на сала за рекреација (билијард, пинг понг, пикадо)
  • Секојдневно користење на базен на отворено со мини аква парк во летните месеци
  • Утринска гимнастика со физиотерапевт
  • Вежби во базен

Дополнителни погодности:

  • Грижа за децата во детската игротека секој ден од 09 до 15 часот
  • Бесплатен Wi-Fi интернет
  • Игротека на отворено

Погодности за семејства:

  • Деца до 9 години бесплатно во услови да бидат сместени 2 возрасни лица
  • Деца од 9-14 години плаќаат 50% од цената во услови да бидат сместени 2 возрасни лица