+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Копаоник – Луковска Бања

Хотел Копаоник – Луковска Бања

 

Луковска Бања се наоѓа во Јужна Србија, на источните падини на Копаоник. Со своите 681 м надморска височина, таа е највисока бања во Србија. Климата е умерено-континентална со голем број сончеви денови во годината.

Бањата ја карактеризира изобилие извори на минерални води, недопрена природа на шумовитиот Копаоник и чист планински воздух. По бројот на извори на минерални води со различен состав и температура и по нивната штедрост (над 100 л/с), спаѓа меѓу најбогатите во земјата.

Во Луковска Бања можете да бидете сместени во хотел: Копаоник, коj во својата понуда има сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, базени со термална вода и др. Својот престој можете да го поминете активно, во прошетки по патеките на здравјето во прекрасна природа, занимавајќи се со спорт, или во посета на некои од културно-историските споменици. Вие треба да го изберете она што за Вас претставува идеален одмор!

Хотел Копаоник – Луковска Бања

ЦЕНОВНИК ЗА 2021 год.

ПАКЕТИ

Јануари – Март

Април

Мај

Јуни

Јули – Август

Септември

Октомври

Ноември – Декември

Основен БО ден

36 €

37 €

38 €

39 €

41 €

40 €

39 €

36 €

Комплетен БО ден

49 €

49 €

50 €

51 €

53 €

52 €

51 €

49 €

 

*** Цените не се валидни за државни и верски празници
 

*Цените се изразени по лице на ден на база полн пансион во двокреветна Стандард соба.

Основен БО подразбира

– Лекарски преглед кај дежурен лекар во текот на престојот

–  Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешени џакузи базени, надворешни базени – вирови.

–  Хидрокинези терапија ( групни вежби во базените со лековита вода)

–  Здравствена контрола од лекар- 24 часовна лекарска служба и изработена отпусна листа

–  Секојдневно користење на фитнес салата и спортските терени

–  Користење сала за забава, мини тенис, билијарт и пикадо, анимациски програми

– Сместувањето е во стандардни двокреветни соби. Секоја соба е опремена со Тв, Wi-fi, лековита Пролом вода, бањарки, и фен за коса.

–  Анимациска програма со терапевт – рекреативно: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки во природа.

– Полн пансион- појадок избор од 10 јадења, ручек и вечера по принцип на анкетирање ( 3 јадења од главно мени, плус соодветна диета) со ручекот се служи супа или чорба, плус десерт или овошје.

– Туристичка такса

Комплетен БО подразбира се што вклучува основниот Б.О пакет + 4 терапии дневно и тоа

– Електротерапија ( диадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, галванизација, ултразвук, солукс ламба).

– Хидромасажа во лековита вода ( бисерна купка или подводна масажа)

– Нанесување на лековита кал ( до две нанесувања )

– Рачна масажа ( на делови од телото )

– Терапиите ги одредува доктор според потребите на пациентот и се прават секојдневно и во викенд и за празници.

Доплата:

–  Доплата за еднокреветна соба 13 евра дневно

–  Доплата за комфорт соба ( на нов спрат ) 5 евра на ден по лице

–  Доплата за апартман: 13 евра на ден по лице

–  Деца од 5-10 години плаќаат 50% од цената во услови да бидат сместени 2 возрасни лица

–  Деца до 5 години бесплатно во услови да бидат сместени 2 возрасни лица

–  Деца од 10 години и нагоре плаќаат како возрасен