Хотел Јелак - Луковска Бања - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Јелак – Луковска Бања

Хотел Јелак – Луковска Бања

Луковска Бања се наоѓа во Јужна Србија, на источните падини на Копаоник. Со своите 681 м надморска височина, таа е највисока бања во Србија. Климата е умерено-континентална со голем број сончеви денови во годината.

Бањата ја карактеризира изобилие извори на минерални води, недопрена природа на шумовитиот Копаоник и чист планински воздух. По бројот на извори на минерални води со различен состав и температура и по нивната штедрост (над 100 л/с), спаѓа меѓу најбогатите во земјата.

Во Луковска Бања можете да бидете сместени во хотел: Јелак, коj во својата понуда има сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, базени со термална вода и др. Својот престој можете да го поминете активно, во прошетки по патеките на здравјето во прекрасна природа, занимавајќи се со спорт, или во посета на некои од културно-историските споменици. Вие треба да го изберете она што за Вас претставува идеален одмор!

 

Дводневен аранжман 98 €
Тридневен аранжман 122 €

*Цените се изразени по лице на ден на база полн пансион во двокреветна стандард соба.

Цената вклучува:

  • Сместување на база полн пансион ( шведска маса)
  • Сместување во двокреветни соби
  • Сауна
  • Отворено – затворен базен
  • Солена соба
  • Џакузи базен
  • Парна бања
  • Тепидариум
  • Внатрешен базен

Дополнителни погодности:

  • Доплата за еднокреветна соба 13 евра на ден
  • Доплата за комфорт соба 5 евра на ден
  • Доплата за апартман 13 евра на ден