Сараево - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Сараево

САРАЕВО - МОСТАР - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 нoќи / автoбус

1 ден 29.12.2018 (сабoта)  Скoпје

Поаѓање за Сараево во 20.30 часот од Скопје од паркингот пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 2 ден 30.12.2018 (недела) Сараево

Пристигнување во Сараево. Разглед на градот со локален водич: Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величествената Газихусбергова џамија, Катедралата  Грбавица, народниот театар, градското собрание, старата православна црква  Свети Михаил и Гаврил. Слободно време. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во ресторан/пивница со музика. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 (понеделник) Сараево – Коњиц – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот факултативен излет до Мостар. Попатно посета на Тајниот бункер на Тито во Коњиц – изграден во раните 1950-ти години, чија намена била за да ја заштити владејачката класа на земјата во случај на нуклеарен напад. Продолжуваме кон срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва, а потоа продолжуваме кон Мостар, градот кадево кој се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Разгледувањето на градот – посета на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI-XIX век, саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед- Пашина џамија… Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време. Вечерта дочек на Новата година на плоштад. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 (вторник) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на највисоката зграда во Сараево – Аваз кулата. Можност за утринско кафе во ресторанот на 35 спрат од каде има прекрасен панорамски поглед на Сараево. Поаѓање кон Вишеград – посета на Мостот на Дрина и Посета на Андриќград, град кој го гради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андриќ. Напуштање на Вишеград и поаѓање кон Мокра Гора – каде што ќе се посети Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 02.01.2019 (среда) Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.790 МКД.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со туристички автобус
• Појадок во режија на агенцијата
• 2 ноќевања во хотел 4 * во Сараево
• Разглед на Сараево со локален водич
• Посета на Вишеград и Андриќград
• Организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Факултативна вечера на 30.12.2018 – 20 € (пријавување при резервација на аранжманот, минимум 35 лица)
• Факултативен излет до Мостар – 15 € (пријавување при резервација на аранжманот, минимум 35 лица)
• Влезница за посета на бункерот на Тито – 10 € (пријавување при резервација на аранжманот, минимум 35 лица)
• Влезница за посета на Дрвен Град – 2 € (се плаќа при влез)
• туристичка такса – 120 денари (задолжителна доплата во агенцијата)
• Патничко осигурување – 200 денари (задолжително)
• Влезници за културно-историските споменици

Важат општите услови за патување на ТА. Импала Травел и СКТМ