ИПСОС - Вила Јулианос / Вила Зевс - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

ИПСОС – Вила Јулианос / Вила Зевс

IPSOS CORFU

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

Вила Зевс

Вила Зевс се наоѓа на околу 500 метри од плажа. Сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа.

Поаѓање

Враќање

Ноќевања

Цена

Промо цена

29.5.2021

05.6.2021

7

129

109

05.6.2021

12.6.2021

7

139

118

12.6.2021

19.6.2021

7

149

126

19.6.2021

26.6.2021

7

159

135

26.6.2021

03.7.2021

7

169

143

03.7.2021

10.7.2021

7

179

152

10.7.2021

17.7.2021

7

199

189

17.7.2021

24.7.2021

7

219

189

24.7.2021

31.7.2021

7

235

199

31.7.2021

07.8.2021

7

235

199

07.8.2021

14.8.2021

7

235

199

14.8.2021

21.8.2021

7

235

199

21.8.2021

28.8.2021

7

209

177

28.8.2021

04.9.2021

7

179

152

04.9.2021

11.9.2021

7

149

126

11.9.2021

18.9.2021

7

139

118

18.9.2021

25.9.2021

7

129

109

25.9.2021

02.10.2021

7

119

101

ВИЛА ЈУЛИАНОС

Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.

Располага со

  • Студија за 2 лица
  • Апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви

Поаѓање

Враќање

Ноќевања

Цена

Промо цена до 31.05

29.5.2021

05.6.2021

7

129

109

05.6.2021

12.6.2021

7

139

118

12.6.2021

19.6.2021

7

139

118

19.6.2021

26.6.2021

7

149

127

26.6.2021

03.7.2021

7

159

135

03.7.2021

10.7.2021

7

169

144

10.7.2021

17.7.2021

7

189

161

17.7.2021

24.7.2021

7

209

171

24.7.2021

31.7.2021

7

225

191

31.7.2021

07.8.2021

7

225

191

07.8.2021

14.8.2021

7

225

191

14.8.2021

21.8.2021

7

225

191

21.8.2021

28.8.2021

7

199

169

28.8.2021

04.9.2021

7

169

144

04.9.2021

11.9.2021

7

139

118

11.9.2021

18.9.2021

7

129

109

18.9.2021

25.9.2021

7

129

109

25.9.2021

02.10.2021

7

119

101

Цената е за пакет аранжман по лице.

Цената на аранжманот вклучува:

  • 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос
  • Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје
  • Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

Цената на аранжманот не вклучува:

  • PCR Тест
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна доплата за траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица (15 до 30 евра во два правци, чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите)
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 1 евро, се плаќа на лице место)
  • Организиран излет со превоз на плажата Глифада – 15 евра
  • Превоз и прошетка до градот Крф – 10 евра
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови) – 25 евра
  • Посета на Акваленд со вклучена влезница и превоз – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август
  • Еднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота) – 30 евра
  • Еднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос и посета на сините пештери) – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

Патниците кои што патуваат со организиран превоз задолжително треба да доплатат за билет за траект на релација Игуменица- Крф- Игуменица кој изнесува 15 – 30 евра чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите ! Билетот е за во два правци.

ГЛИФАДА

Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

ОСТРОВСКА ТУРА

Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.

Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.

ГРАДОТ КРФ

Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

КРСТАРЕЊЕ

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.

АКВА ПАРК

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

BLUE LAGOON И СИВОТА

Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.

ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.